Македонија
Коалицијата ВМРО за Македонија ќе го заштитува автентичното ВМРО
Коалицијата ВМРО за Македонија на ВМРО Народна партија, Обединети за Македонија и Достоинство, во сабота вечер, одржа конвенција во Македонската опера и балет каде ги претстави кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори.
Носител на првата изборна единица ќе биде Ден Дончев, двојката ќе ја предводи Љупчо Балковски, а во третата Изборна единица носител ќе биде лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.
Во четвртоката носител е лидерот на ВМРОНП, Љубчо Георгиевски, во петката лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во шестата изборна единица Зоран Велковски, а седмата Стојадин Наумовски.
„Да ги заштитиме интересите на автентичното членство на ВМРО кое сме го граделе со демократија, чесност и патриотизам, да ја вратиме правдата за сите граѓани, да ги ослободиме судовите и институциите, да го вратиме владеењето на правото“, рече Дончев во обраќањето на конвенцијата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

