Македонија
Кој се ќе седне во новиот состав на Собранието

Откако во понеделник вечер Државната изборна комисија ги објави конечните прелиминарни изборни резултати од предвремените парламентарни избори и преброја која партија колку мандати доби, се знаат и имињата на идните пратеници.
ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица освои осум мандати, што значи според кандидатската листа првите осум треба да седнат во пратеничко столче и тоа: Никола Попоски, Елизабета Канческа Милевска, Борис Змејковски, Драган Данев, Даниела Рангелова, Љупчо Димовски, Крсто Јовановски и Чедомир Саздовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица има девет пратеници и тоа Никола Тодоров, Трајко Вељаноски, Жаклина Пешевска, Иван Стоиљковиќ, Амди Бајрам, Владанка Авировиќ, Зоран Ѓорѓиевски, Јохан Тарчуловски и Весна Дамчевска – Илиевска.
Третата изборна единица за ВМРО-ДПМНЕ ги даде следниве 11 пратеници: Илија Димовски, Емил Димитриев, Слаѓана Митовска, Трајчо Димков, Стојан Миланов, Магдалена Манаскова, Зеќир Рамчиловиќ, Никола Мицевски, Благица Ласовска, Емилија Александрова и Иван Иванов.
Од ВМРО-ДПМНЕ од четворката во Собрание влегуваат десетмина и тоа Никола Груевски, Ванковер Манчев, Ане Лашкоска, Панчо Минов, Весна Пемова, Васил Пишев, Нада Ципушева, Димитар Стевананџија, Драган Цуклев и Павлинче Честојнова.
Петката има девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и тоа Антонијо Милошоски, Зоран Илиоски, Лилјана Затуроска, Љубен Арнаудов, Благоја Деспотовски, Нола Исмајлоска Старова Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Лилјана Кузмановска.
ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица има четири пратеници и тоа Владимир Ѓорчев, Јусух Хасани, Дафина Јованоска – Стојаноска и Горан Манојлоски.
Од СДСМ во првата изборна единица во Собрание влегоа 10 пратеници и тоа Стево Пендаровски, Рената Дескоска, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев, Павле Богоевски, Соња Мираковска, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ, Ивана Туфегџиќ и Петар Атанасов.
Во втората изборна единица СДСМ има осум пратеници: Оливер Спасовски, Фросина Ташевска – Ременски, Мухамед Зеќири, Маја Морачанин, Ферид Мухиќ. Максим Димитриевски, Курто Дудуш и Тања Ковачев.
Од СДСМ во третата изборна единица како пратеници во Собрание ќе влезат деветмина Љупчо Николовски, Благоја Бочварски, Јагода Шахпаска, Панче Иванов, Сашко Костов, Јулијана Николова, Енес Ибраим, Илија Николовски и Мира Стојчевска.
Четворката од СДСМ ги даде следните 10 пратеници: Зоран Заев, Хари Локвенец, Катерина Кузмановска, Горан Мисовски, Коста Јаневски, Кети Смилеска, Бетиан Китев, Сашо Поцков, Милева Ѓоргиева и Мери Лазарова.
Од петата изборна единица во Собрание СДСМ ќе ги има следните пратеници: Радмила Шекеринска – Јанковска, Александар Кирацовски, Томислав Тунтев, Горан Милевски, Васко Ковачевски, Ирена Стефоска, Јован Митрески Алија Камбероски и Жаклина Лазаревска.
Шестата изборна единица од СДСМ има тројца пратеници и тоа Петре Шилегов, Ѓулумсер Касапи и Благојче Трпевски.
ДУИ ги има следните десет пратеници: Артан Груби од единицата, Ејуп Аљими и Реџаиљ Исмаили од двојката, Агим Шаќири од петката и од шестата изборна единица Али Ахмети, Талат Џафери, Шпреса Хадри Бранко Маноиловски, Џеват Адеми и Мирсада Емини – Асани.
Партијата БЕСА ги има следните пет пратеници: Зеќирија Ибрахими, Африм Гаши, Биљал Касами, Фадил Зендели и Теута Биљали.
Алијансата на Албанците ги даде следните пратеници: Сурија Рашиди, Зиадин Села и Весел Мемеди.
ДПА има двајца пратеници и тоа Мендух Тачи и Бардуљ Даути.
Секако, оваа листа никако не е конечна, затоа што според правилата, оние кои ќе станат премиер, министри, не можат да бидат пратеници, па така во Собрание влегуваат следните на листата. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, од друга страна пак, ќе треба да избере дали ќе остане градоначалник на Струмица или ќе го прифати пратеничкиот мандат./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Мицкоски е скапо платен спроведувач на интересите на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава заложник на туѓи интереси, кажа претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево.
Тој рече дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.
„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.
Тој обвини дека Мицкоски со новите задолжувања направил вистинско предавство на интересите на државата.
„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.
Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче рече дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.
Македонија
(Видео) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање рече дека кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон.
„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.
Оценувајќи ги меѓупартиските релации, тој во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.
„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.
Македонија
Мицкоски: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок, најави премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.
„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба , туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.
Тој истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.
„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.