Македонија
Комисијата го лустрираше Ѓорѓи Спасов
Комисијата за верификација на фактите го лустрираше поранешниот министер за правда и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија и Молдавија, Ѓорѓи Спасов.
Лустраторите утврдиле дека Спасов соработувал со службите за безбедност во осумдесеттите години и неговото име го имало во три лични досиеја во Државниот архив.Според документите објавени на веб страницата на Комисијата, Спасов давал податоци за лица поради анархолиберализам, лица кои сакале да се воведат полиберални сфаќања во општеството, односно досиејата биле формирани поради идеолошки и политички причини.Спасов како асистент во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, главно давал информации со цел расчистување со поголема група од весникот „Студентски збор“ кои делувале од анархолибералистички позиции , сакале да воведат полиберални ставови во весникот коишто ќе ги интересираат граѓаните, и иницирале собирање на потписи во градот во знак на поддршка на синдикалната организација „Солидарност“, се вели во решението на Комисијата. Ѓорѓи Спасов е поранешен генерален секретар на опозициската партија СДСМ и сопственик на агенцијата „Рејтинг“. Лустраторите денеска објавија дека е лустриран и поранешниот шеф на битолската испостава на СДБ, Ице Дамчевски, кој според нив собирал и издавал наредби за следење на лица кои биле од интерес на службата. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

