Македонија
Конечно, во 21 век, училиште во Велес ќе го реши проблемот со затоплување
Од среда, во употреба е пуштен новиот парен котел во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, со што конечно, во 21 век, учениците ќе учат во соодветно затоплени простории.
Како што соопштија од Општината, сега, целосно е надминат проблемот со затоплување на Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес, а градоначалникот Славчо Чадиев го пушти во употреба новиот парен котел, кој се набави со средства од Буџетот на Општината.„Досега во училиштето континуирано имавме проблеми со затоплувањето. Новиот котел значи дека тоа ќе биде минато. Од денеска па во иднина учениците и вработените ќе престојуваат во добро затоплени простории„рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.Новиот парен котел работи на нафта, кој има моќност од 580 киловати, а тоа е многу повеќе од стариот кој имаше 407 киловати, а во училиштето пристигна пред една недела. Денеска се заврши надзорот и ревизијата на целокупниот проект, по што се стави во погон./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

