Македонија
Коневски: Грдото лице на Македонија е аболицираниот Заев

Македонците кои си ја сакаат државата и кои ги бранат националните интереси не се грдото лице на Македонија, туку грдото лице на Македонија е аболицираниот криминалец Зоран Заев, лидер на СДСМ, смета Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонците кои не прифаќаат промена на Уставот и кои се противат на воведувањето на двојазичност на целата територија не се грдото лице на Македонија. Македонците кои не се согласуваат да се доселуваат и вработуваат Албанци во администрацијата во Струмица, Штип, Радовиш, Aеродром, Карпош, Центар и останатите општини и градови само заради обидот на аболицираниот Заев да освои некој глас повеќе, не се грдото лице на Македонија. Грдото лице на Македонија е токму аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој е човекот кој предлагаше виткање на кичмата. Тој е човекот што на маса ги става највисоките национални интереси и заговара промени на Уставот на Република Македонија“, рече Коневски.
Тој смета дека Заев кој ги навредува сопствените сограѓани, само за да им се додвори на гласачите Албанци, со ваквото однесување на аболицираниот криминалец Зоран Заев е срам за државата и за сите оние кои го положија животот за независна Македонија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон, суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор кој доколку не беше спречен набргу потоа би се проширил во блиската шума, извести дикреторот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој апелира до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикање пожар надвор од населено место како што се гуми, даски, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или на било кој припадник на полицијата или друга безбедносна служба.
Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин, извести АМСМ.
Исто така во време од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон кај ресторан Фемили па по регионалниот пат Куманово кон граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредниот ден.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.