Македонија
Конференција: Предуслов за успешен бизнис се високите етички вредности
Предуслов за постигнување најдобра практика и успешен бизнис модел се втемелените високи етички и естетски начела, порачаа учесниците на овогодишната меѓународна правна конференција „Управување со правни ризици“ што се одржува во вторник во Скопје во организација на Академик.
На големиот меѓународен настан, во присуство на бројни учесници од земјата и регионот, говорат реномирани светски адвокати, универзитетски професори, експерти и претставници од бизнис секторот.„Не можеме да развиваме успешни деловни модели ако тие не се етички. Не можеме да достигнеме високи стандарди во професијата ако тие не се унифицирани на начин прифатлив за нашите клиенти или потрошувачи“, беше истакнато на почетокот на меѓународната Конференција.Адвокатот Георги Димитров, истакнувајќи го значењето на правната етика како суштински домен за вршење на правничката професија, во својот воведен говор рече дека од особена важност е што на Конференцијата ќе се говори и за тоа како различните општествено-економски движења влијаат врз правниците и како да се предвидат правните ризици.Во таа насока, поаѓајќи од премисата дека континуираното образование е еден од највисоките приоритети на секој професионалец, на Конференцијата од страна на предавачите беа споделени значајни знаења и искуства во едукативна и професионална смисла, потоа бројни мислења, методологии, и концепти. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

