Македонија
Конкурс за стипендии за студии од втор циклус на Американ Колеџ во Солун
Министерството за образование и наука на Република Македонија информира дека во тек е конкурс за доделување на 20 стипендии за студии од прв циклус и конкурс за доделување на 10 стипендии за студии од втор циклус на Американ Колеџ во Солун, за академската 2015/2016 година.
Стипендиите, кои ги доделува Американ Колеџ во Солун, врз основа на Меморандум за разбирање потпишан помеѓу Колеџот и Министерството за образование и наука на Република Македонија, покриваат 50% од вкупната школарина.
Кандидатите за стипендија за студии од прв циклус треба да имаат завршено четиригодишно средно образование, а оние кои конкурираат за стипендија за студии од втор циклус, потребно е да имаат диплома за завршен прв циклус на студии. Дополнително, сите кандидати треба да се државјани на Република Македонија и да имаат одлично познавање на англискиот јазик.
Студиските програми кои ги нуди Американ Колеџ во Солун за прв циклус на студии траат четири години, а кандидатите може да изберат една од следните студиски области: Бизнис администрација (Финансии, Меѓународен бизнис, Менаџмент, Маркетинг), Информатичка технологија (Бизнис и компјутери), Меѓународни односи или Англиски јазик (Јазик и литература и Комуникација и нови медиуми).
Постдипломските студии траат една година за редовни студии или две години за вонредни студии. Постдипломските програми се од областа на Бизнис администрацијата, со специјалности во: Банкарство и финансии, Претприемништво, Менаџмент, Маркетинг и Дигитален маркетинг.
Краен рок за пријавување е 16 мај 2015 година заклучно до 16:00 часот, при што заинтересираните кандидати треба да ги достават документите до: Министерство за образование и наука, ул.„Св. Кирил и Методиј“ број 54, 1000 Скопје.
Изборот на кандидатите ќе се изврши од страна на заедничка Комисија составена од претставници на потписниците на Меморандумот, во согласност со критериумите на Американ Колеџ во Солун и законските прописи на Република Македонија.
Сите детални информации, потребните документи и формуларот за пријавување се објавени на www.stipendii.mon.gov.mk. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

