Македонија
КПП: Ќе ги вратиме парите украдени од граѓаните
„Ќе ги вратиме и парите украдени од граѓаните, а ќе ги вратиме и младите. За поддршка и вработување на млади и стручни кадри ќе формираме фонд за млади во износ од 2 отсто од Буџетот“ вети во сабота пред граѓаните на Крива Паланка, Весна Стоименовска, носител на листата на изборна единица број 3 од Коалицијата за промени и правда.
Стоименовска им порача на жителите од Крива Паланка дека сликата е секаде иста, луѓето тешко живеат, а младите се иселуваат. Овој режим не само што ги изнесе парите, туку ги исели и младите, рече таа.
Нема вработувања, граѓаните не можат да си ги платат сметките, за младите нема перспектива и тие си заминуваат.
„Но, порачуваме ќе ги вратиме и парите украдени од граѓаните, а ќе ги вратиме и младите. За поддршка и вработување на млади и стручни кадри ќе формираме фонд за млади во износ од 2 отсто од Буџетот. Така, прво ќе се задржат оние млади што веќе се тука бидејќи ќе им се обезбеди директна перспектива, но тоа ќе значи и можност оние што заминале да имаат причина да се вратат. Имајте на ум дека на Запад нашите паметни млади не ги земаат за експерти, туку за работници. Тука ако останеа, ќе беа интелектуалци без пари со уништен живот. Со овој фонд ќе им се даде шанса за нов почеток, тука кај нивните семејства”, изјави Стоименовска пред насобраните жители.
Како одговор на невработеноста, ќе се фокусираат на реална и максимална поддршка на отворање на мали и средни претпријатија со 3-5 вработени и ќе ги изедначиме условите за инвестирање како за странските, така и за домашните компании./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

