Македонија
Кривичниот совет ги одби барањата на СЈО за случајот ТНТ како неосновани
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје ја отфрли во понеделникто како неоснована жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврди одлуката на судијата да не им одреди мерки на претпазливост на поранешниот премиер и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, тројцата осомничени во случајот „ТНТ“ што го води споменатото обвинителство.
„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое жалбите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) поднесени за лицата М.Ј., Т.Т. и Н.Г., опфатени во предметот на СЈО во јавноста наречен ‘ТНТ%, против кои судија претходна постапка со решение од 10.06.2016 година не им определи мерки на претпазливост, се одбиваат како неосновани, а се потврдува решението на судијата на претходна постапка“, стои во соопштението на Кривичниот суд објавено на официјалната интернет страница на судот.
Претхдно на 10-ти јуни Судија на претходна постапка го одби во петокот попладнето како неосновано барањето на СЈО за спроведување мерки на претпазливост кон осомничените во процесот „ТНТ“ , односно за Груевски, Јанакиески и Трајковски. Тогаш од Основниот суд Скопеј 1 Скопкје појаснија дека СЈО, има право да поднесе жалба на оваа одлука во род од 24 часа.
СЈО за сите тројца споменати во случајот за уривањето на објектот „Космос” во сопственост на бизнисменот и челник на политичката партија ПЕИ, Фијат Цаноски, побара одземање на нивните патни исправи, како и мерка на претпазливост, вклучително и домашен притвор.
Груевски, Јанакиески и Трајковски пред десет дена се појавија на распит пред судија на претходна постапка, и по давањето на исказот за медиумите Груевски и Трајковски изјавија дека не се чувствуваат виновни и оти станува збор за обид на опозицијата и СЈО да ги оцрнат.
Специјалното јавно обвинителство во април годинава го презентираше случајот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ во 2011 година, што го смета за наводна политичка одмазда кон Цаноски./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

