Македонија
Крводарителна акција во Амбасадата на САД во Скопје
Крводарителна акција, како и акција за собирање на прехранбени продукти и други средства, ќе организира во петок Амбасадата на САД, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија, по повод 11 Септември – Националниот ден на служба и сеќавање.
Заинтересираните лица кои сакаат да даруваат крв, ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД од 9:00 – 16:00 часот. Амбасадорот Џес Бејли ќе им се обрати на присутните во 14:00 часот, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити и директорот на Институтот за трансфузиологија Емилија Велкова.
Целта на овој настан е да се обединат луѓето со една заедничка цел – да и служат на заедницата.
„Нашите напори ќе помогнат за дополнување на резервите на крв на Црвениот крст и за обезбедување на храна и други потребни залихи за загрозените семејства за претстојната зима. Оваа акција, исто така, ќе му помогне на Црвениот крст да ја прошири мрежата на дарители во Македонија за да во секое време има доволно резерви на крв за идните побарувања“, се вели во соопштението. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

