Македонија
Лекарите си препишувале и по 100 рецепти за себе
Околу 100 доктори си препишувале и по сто рецепти годишно, произлегува од анализата на податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“, утврди Управата за електронски евиденции во здравството по реакциите на Здружението на матични лекари за неможноста матичните доктори самите на себе да креираат упати и рецепти.
Управата утврдила дека еден гинеколог си препишал самиот на себе 182 рецепти за една година, од кои 45 се антибиотици.
„Ова е очигледен пример дека станува збор за злоупотреба на системот и на овластувањата од некои од докторите со што директно се оштетува и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, но и пациентите. Доколку некој нереално си препишува антибиотици или било кои други лекови и ги подигнува на товар на ФЗОМ, а тие лекови реално не му се потребни, тогаш некој кому тие лекови му се потребни ќе остане без неопходната терапија“, се вели во соопштението
Од Управата посочуваат дека дополнително утврдиле и десетици случаи на матични доктори од целата држава кои си креирале над 110 рецепти самите на себе за една година, или во просек секој од нив на себе си препишал по 136 рецепти во текот на една година.
Кај околу 100 матични доктори, е констатирано дека самите на себе си препишувале во просек по 72 рецепти на годишно ниво.
Имајки ги предвид реакциите и дискусиите во јавноста, а со цел сузбивање на оваа појава и превенирање на евентуални злоупотреби, Управата одлучи да спроведе системска мерка со која ќе се оневозможи само на оние доктори кои го злоупотребувале системот, да си креираат упати и рецепти самите на себе како матични пациенти. Управата ги прифати аргументите дека заради неодговорни поединци не треба да бидат казнети сите доктори кои совесно и законски си ја вршат својата дејност. Управата за овој случај ќе ја информира Лекарската комора на Македонија и Етичката комисија при Лекарската комора, стои во соопштението./крај/со/бб
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

