Македонија
Левица: Сите министри да го следат примерот на Ставрески
Партијата „Левица“ бара останатите министри од Владата да го следат примерот на Зоран Ставрески и да си поднесат оставки, со што ќе создадат пат за преодна експертска влада која ќе создаде услови за фер и демократски избори.
Двајца членови од оваа партија, Здравко Савески и Владимир Куновски, повеќе од еден месец беа во куќен притор, а истиот ден кога одлуката за ослободување од притвор стана правосилна, Ставрески си поднесе оставка.„Како Левица, бараме неговиот пример да го следат и другите министри и да создадат пат за преодна експертска влада, која ќе создаде услови за фер и демократски избори. Бараме да се спроведат сите услови за фер избори, вклучително и повторно отворање на Изборниот законик, бидејќи таму промените што настанаа минатата година беа половични“, изјави Здравко Савески од Левица.Тој им се заблагодари на сите граѓани за поддршката. Следното рочиште против нив е закажано за на 5 јули, а според Савески и надвајцата им се заканува казна затвор за учество во толпата којашто ја демолираше Народната канцеларија на Претседателот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

