Македонија
MВР: Експресно најдовме криминалец баран со меѓународна потерница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/mvr-1.jpg)
Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) упати писмо со благодарност до македонското Бирото за јавна безбедност по повод минатомесечното брзо пронаоѓање и лишување од слобода на германскиот државјанин П.Д.Р. (36).
Имено, на 23.11.2023 околу 18:00 часот на ул.„Руди Чаевац” во Скопје од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва”, од слобода беше лишен П.Д.Р. од Визбаден, Германија, кој бил баран по меѓународна потерница за недозволена трговија со дрога. Приведеното лице е соучесник во група која транспортирала наркотични дроги од Шпанија во Германија, со цел нејзино препродавање, а воедно веќе било осудено на затворска казна од три и пол години.
Според германската БКА, ова е „сјаен пример за успешна меѓународна полициска соработка во потрага од особено значење“, за што се заслужни полициските службеници од МВР – Биро за јавна безбедност – Сектор за меѓународна полициска соработка кои „во импресивно кус временски период“ го пронашле бараното лице, при што е истакната координативната улога на Отсекот за меѓународна потрага по лица (FAST MKD), „без кој овој успех не би бил возможен“.
„Ова е уште еден показател дека борбата против целокупните современи глобални предизвици бара глобален и регионален пристап, активна оперативна соработка и заедничките стратегии во делувањето, но и признание за посветеноста на македонската полиција и подготвеноста за активна глобална полициска соработка, континуирана размена на идеи, оперативни податоци и заеднички активности чија цел е глобална безбедност.
МВР останува посветено на континуираното зајакнување на регионалната и меѓународната соработка во справувањето со современите безбедносни предизвици, како што се недозволената трговија со дрога и оружје, нелегалната миграција и криумчарењето на мигранти, трговијата со луѓе и слично, како кредибилен партнер за соработка и пример во регионот“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.