Македонија
Mеџити: Дирекцијата за заштита и спасување се реформира, со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста
Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Денеска денес ја посети Дирекцијата за заштита и спасување, каде беше пречекан од директорот Џеват Селами.
Директорот Селами на состанок на кој присуствуваше раководството на дирекцијата информираше за секојдневните активности што ги презема оваа институција.
Меџити ја пофали работата на оваа дирекција, за која изјави дека има многу важна улога во брзите и ефективни одговори на различните кризи кои ја погодија државата, ја има и ќе ја има континуираната поддршка од Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Спроведувањето на мерки за заштита на граѓаните од природни и вештачки ризици, идентификување и анализа на ризици кои можат да влијаат на безбедноста на граѓаните и инфраструктурата, се дел од главните задачи на оваа дирекција, и овие активности се превземаат многу успешно’ рече Меџити, додавајќи дека нивната реализација бара координација на активностите и тесна соработка со централните и локалните институции, како и со релевантните организации за да се обезбеди ефективен одговор на кризите.
Меџити изјави дека Дирекцијата за заштита и спасување започнала сериозна агенда за реформирање на сегашниот систем, со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста на својата дејност, со целосна посветеност да им служи на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро по одделни котлини со услови за појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност
Времето денеска, наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.
Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.
Македонија
Во недела прекинато водоснабдување во дел од Скопје
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваaт дека на ден 03.11.2024 г. (Недела) поради дефект на улична цефка од ф 300мм на булеварот Илинден бб-пред Влада без вода ќе останат корисниците на дел од булеварот Илинден и дел од булеварот ВМРО.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, се истакнува во соопштението.
Македонија
Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
АМСМ известува за сообраќајна несреќа на патниот правец Тетово-Гостивар.
„Поради сообраќајна незгода на патниот правец Тетово – Гостивар на три километри од наплатната станица Тетово, од 20:30 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента“, се истакнува во соопштението.