Македонија
Mицкоски по изјавата на Касами дека не сака коалиција: Изгледа политиката му е само хоби
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска порача дека некои луѓе не ја разбираат политиката или тоа им е само хоби, откако лидерот на Беса, Биљал Касами, кажа дека се можни коалиции за локалните избори, но не со ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски смета дека изјавата на Касами е удар врз владините политички конкуренти.
„Јас тоа повеќе го доживеав како навреда кон владините политички конкуренти, затоа што тој чувствува дека толку е надмоќен во однос на владините политички конкуренти, што гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини, како што разбрав Касами ќе се кандидира во Тетово, а Фадил Зандели во Гостивар, што не му е потребна поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. Јас му посакувам среќа и успех во намерата. И една порака, вака како човек, во политиката такви изјави ги даваат луѓе кои или не ја разбираат или политиката им е повеќе хоби, отколку сериозна професија“, рече Мицкоски.
Инаку, Касами веќе се изјасни дека ако има сериозни понуди за соработка, тогаш Беса ќе ги разгледа.
Според него, одлуката ќе се донесе откако ќе се утврди која е најдобра опција за нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи
Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот за возачките дозволи.
„Поднесена кривична пријава против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот. Очекуваме обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица. Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното не постапување нема да остане незабележано“, велат од синдикатот.
Едниот од пријавените се извини на социјалните мрежи дека упатувал закани. Рафет Мемишовски на снимката вели дека бил изнервиран и под стрес затоа што полицијата му го одзела автомобилот на неговиот братучед, поради тоа што немал возачка дозвола. Тој неколкупати повторува дека таквото однесување нема да му се повтори и вели дека повеќе нема да се заканува.
Граѓани во Битола, Штип и Прилеп неделава протестираа со блокади на патиштата на кои палеа гуми и дрва, реагирајќи затоа што им биле одземени возилата затоа што немале возачки дозволи.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

