Македонија
Mожеби е вистинско време на своите менаџери да им подарите нешто поинакво
Божикните и новогодишните празници се наближуваат и овој период од годината, покрај големиот празничен шопинг, традиционално се одбележува наградувањето, кое го прават успешните компании како благодарност за менаџерскиот тим за залагањата и ангажманот без кои компанијата не би остварила успешна година.
Наградувањето најчесто е со исплата на бонуси. Но годинава, ако сте успешна компанија, можеби е вистинско време на своите менаџери да им подарите нешто поинакво, нешто што ќе претставува нивна заштита од несакани ситуации и истовремено ќе биде финансиски стимул, кој ќе се зголемува со годините. Станува збор за менаџерското осигурување, кое сè почесто се користи како метод за наградување, но и за зацврстување на заемниот однос меѓу вработените и компанијата.
Со осигурување на својот клучен кадар една компанија ги потврдува стручноста и улогата на тој кадар во фирмата, покажува дека го вреднува трудот што го вложува, го цени неговиот потенцијал и свесна е за неговата улога и за влијанието врз деловните резултати на компанијата. Светските истражувања утврдиле дека менаџерите, кои се целосно задоволни од компаниите за кои работат, обезбедуваат постојан раст на бизнисот, а задоволството произлегува, пред сè, од чувството на сигурност што го обезбедува компанијата за својот менаџер.
Менаџерското животно осигурување од Кроациа осигурување – живот претставува алатка за зголемување на лојалноста и задоволството на менаџерите, бенефит во форма на финансиски бонус, ја зголемува посветеноста кон компанијата, а истовремено овозможува и врвна осигурителна заштита и покритие. Во ова осигурување се повратни средствата што се вложуваат, опфаќаат пристапно лица на возраст до 65 години и даваат можност да се интегрираат во компензирачките пакети на компанијата. Траењето на осигурителната полиса е приспособливо на потребите, а осигурената сума се формира во зависност од можностите, потребите и дефинираните менаџерски бонуси.
Предноста на овие програми за животно осигурување е тоа што, освен штедењето, програмите нудат финансиска поддршка при настанување тешки болести, кои сè повеќе се присутни поради модерниот начин на живеење и во современите професии. Осигурителното покритие опфаќа и несакани настани предизвикани од ковид 19.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

