Македонија
MО: 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата
Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот на капацитетите за киберодбрана. Американската поддршка е во насока на достигнување на НАТО-целите на способности и зголемување на интероперабилноста со американските вооружени сили и со сојузниците во алијансата. Членството во НАТО е уште еден катализатор за уште посилна соработка помеѓу сојузниците како Северна Македонија и САД, со што се зацврстува и колективната одбрана на алијансата.
САД се наш долгогодишен стратегиски партнер во развојот на армиските капацитети. Овие 78 милиони долари се значителна поддршка во развојот на капацитетите, имајќи предвид дека во изминатите 30 години, преку програмата за меѓународна воена помош, САД има донирано воена опрема во вредност од 160 милиони долари.
Портфолиото за соработката со САД е навистина богато и сеопфатно и вклучува обука преку MIL-2-MIL програмата, вежбовни активности, некинетички обуки, односно асистенција за АБХО, сајбер, цивилно воена соработка, развој на медицински капацитети, едукација за административни службеници, војници, подофицери и офицери, заеднички процес на опремување и модернизација преку десет интегрирани проектни тимови, тимови и советници со постојан престој во Северна Македонија со цел асистенција во развојот на одбраната итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

