Македонија
Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем
Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем.
„Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во Белград, а забележлива е и тенденцијата на мало зголемување на интересот на граѓаните за имунизација против коронавирусот“, изјави денеска координаторката на пунктот на саемот, Светлана Мишиќ.
Рече дека помеѓу 600 и 800 лица се вакцинираат на саемот за време на викендите, а половина од нив се државјани на БиХ и Северна Македонија.
Вакцините на „Фајзер“, „Астра зенека“, на „Синофарм“ и вакцината „спутник“ им се достапни на граѓаните на саемот, а контролниот пункт е отворен секој ден од 8.30 до 15.30 часот.
Минатата недела беше објавено дека за време на викендот над 200 Македонци се вакцинирале со прва или втора доза во Врање, што е повеќе од српските државјани што дошле да примат вакцина во тој здравствен дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, утре максималната температура од 8 до 16 степени
Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда.
Македонија
Муцунски – Бримора: Проширувањето на Европската Унија останува приоритет на полското претседателство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими вршителот на работите во Амбасадата на Република Полска, Мариуш Бриморa.
На средбата беше нагласена силната и искрена врска помеѓу двете земји, заснована на долгогодишни пријателски односи. Министерот Муцунски ја подвлече важноста на поддршката од Полска во процесот на европските интеграции на Северна Македонија, особено во контекст на актуелното Полско претседателство со Советот на Европската унија.
Министерот Муцунски, во таа насока, изрази уверување дека Полското претседателство ќе го динамизира пристапниот процес на Северна Македонија, овозможувајќи побрз напредок во исполнувањето на критериумите за членство и интеграцијата во Европската унија.
Вршителот на работите Бримора, пак, нагласи дека проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан останува приоритет на Полското претседателство во следните шест месеци. Тој го поздрави реформскиот напредок на нашата земја, која сѐ поблиску се приближува до европското семејство, и потврди дека Полска силно и недвосмислено ќе продолжи да го поддржува нашиот европски пат.
Од двете страни беше повторена заедничката посветеност за зајакнување на билатералната соработка и регионалната стабилност, како и подготвеноста за континуирани напори во промоцијата на вредностите и принципите на Европската унија, со цел остварување на заедничкиот интерес за стабилна и просперитетна Европа.
Македонија
Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
Главен фокус на дискусијата беа можностите за имплементација на проекти за енергетска ефикасност, како и потребата од унапредување на енергетската инфраструктура во општината со цел обезбедување енергетска стабилност и одржлив развој на локалните заедници.
Македонска Каменица, како рударски регион со значителен енергетски потенцијал, беше истакната како пример за локален развој кој може да придонесе кон националните енергетски цели.
Општините се клучен партнер во напорите за одржлива енергетска трансформација, потенцираше министерката Божиновска. За исполнување на националните приоритети потребно е преку заеднички проекти и поддршка да ги модернизираме локалните енергетски системи и да создадеме нови можности за развој на рударството во согласност со највисоките еколошки стандарди,
Градоначалникот Атанасовски ја истакна потребата од продолжување на инвестициските активности за подобрување на инфраструктурата во Македонска Каменица за да се обезбеди подобар квалитет на живот за граѓаните и посилен економски развој на регионот, потенцираше Атанасовски.
Министерството за енергетика останува посветено на развојот на локалните заедници преку инклузивен пристап и проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните.