Македонија
Македонецот кој војувал во Сирија се борел за идеологија, а не за пари
Македонецот Стефан Стефановски кој војувал на боиштата во Сирија се борел на страната на терористичката организација поради идеологија, а не за пари, објавуваат медиумите повикувајќи се на извори од истрагата.
Стефановски кој од од православието преминал во исламот и го сменил и името од Стефан во Суфијан, завршил медицина и неколкупати бил на боиштата во Сирија. Кога ќе се врател во Македонија, негова задача било да врбува нови борци кои ќе се борат на страната на екстрeмистичката организација Исламска држава. За Сирија патувал со фалсификуван пасош преку Турција. Стефановски и уште осум други лица за кои постојат сомненија дека војувале во Сирија се наоѓаат во триесетдневен притвор. Полицијата трага по уште 27 лица, а за 20 од нив постои сомнеж дека се наоѓаат на боиштата во Сирија. Повеќето од осомничените патувале во Сирија од религиски побуди, а не за пари, биле добро ситуирани и повеќето имале жени и деца. Речиси сите минуваат низ крим-евиденцијата на Министерството за внатрешни работи и сите направиле некое кривично дело претходно. Сите се македонски државјани од различна националност.Во вчерашната акција „Ќелија“ приведен беше и имамот Реџеп Мемиши од Тутунсуз џамијата за кој МВР изјави дека бил идеолог на групата. МВР објави дека нови борци за Сирија се регрутирале во приватни куќи, џамии, интернет кафулиња. Во борбите во Сирија досега официјално загинале 16 македонски државјани, а околу 130 се бореле или сé уште се борат таму./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

