Македонија
Македонија, Австрија, Србија и Унгарија со заеднички пристап за решавање на бегалската криза
Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности со цел соодветно справување со бегалската криза и пред сè за заштита на животот и здравјето на мигрантите, истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков во петокот на потпишувањето на Меморандумот за разбирање за справување на бегалската криза, со претставниците од Австрија, Србија и Унгарија.
Посочувајќи ги низата мерки што од страна на МВР, но и на меѓуинституционално ниво беа превземни во изминатиот период, а во насока на хуман третман и безбедно прифаќање и транзитирање на мигрантите низ нашата земја, Чавков нагласи дека сепак се работи за транснационална појава и која ќе потрае и во иднина.
„Во такви услови, колку и да е ефикасен на одреден период, ниту еден пристап не може да бидат целосно успешен доколку има само национален карактер и не е координиран на регионално ниво, па и пошироко“, истакна Чавков.
„Начинот на кој во моментов Македонија се справува со овој предизвик чини многу пари и е од национален карактер. УНХЦР, ИОМ, Црвениот крст, домашните невладини организации даваат значителна помош во згрижувањето на мигрантите и во обезбедувањето хуманитарна и медицинска помош, но како држава сме оставени сами да се справуваме со состојба настаната не по наша вина и од регионален аспект, предизвикана на делот од државната граница со држава – членка на ЕУ. За успешно долгорочно справување со оваа состојба неопходно е итно синхронизирање на националните и планирање и преземање на заеднички чекори на сите засегнати земји од регионот“, додаде Чавков.
Австриската министерка Јохана Микл-Лаитнер изјави дека неспорна е потребата од заеднички настап на сите земји и вложување на максимални напори за решавање на проблемот со бегалската криза, притоа изразувајќи задоволство од досегашните превземени мерки од страна на Македонија за справување со кризата и максимален придонес во помагањето на ЕУ.
Од своја страна, пак, српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ потенцираше дека е неопходно ЕУ да изнајде план за прифат на мигрантите, а Меморандумот што денес беше потпишан, е еден чекор повеќе во решавање на трауматичниот пораст на бројот на мигранти, којшто според Стефановиќ, по однос на транзитот низ неговата земја досега изнесувал над 115 илјади мигранти.
Меморандумот за разбирање меѓу полициите на Македонија, Австрија, Србија и Унгарија тргнувајќи токму од потребата за заеднички настап по однос на кризата и нејзиниот натамошен развој, отвора нови можности за конкретна оперативна и друга соработка на полициите на земјите потписнички./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Појава на магла и намалена видливост во околината на Дебар
АМСМ информира дека во околината на Дебар има појава на магла и намалена видливост до 50 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна на тоа зошто министерот Муцунски не е присутен на пратеничките прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на покривот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има”, истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополни дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
Тој се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.

