Македонија
Македонија и Франција ќе соработуваат во делот на управување со води
Семинар за управување со води се одржа во четврток во Скопје, како резултат на соработката меѓу Министерството за екологија, одржлив развој и енергетика на Република Франција и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
Во воведното обраќање министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири изрази уверување дека овој Семинар ќе претставува почеток на плодна и успешна соработка помеѓу двете држави. При тоа, очекува ангажирањето на експерти кои ќе разменат искуства со националниот експертски тим да придонесе кон постигнување на подобри проектни резултати и создавање на солидна основа за идна комуникација и трансфер на искуства и знаење.
Според министерот Изаири со ова се олеснува процесот на споделување на сознанија за актуелните активности кои се спроведуваат во институциите, како и оние кои се планираат во иднина, а имаат за цел успешно имплементирање на европското законодавство и напредок на Македонија во евроинтегративни процеси, во Поглавјето 27 кое се однесува на животната средина. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.