Македонија
Македонија нарачува бодликава жица од Унгарија
Македонија, Австрија и Словенија, земјите кои одлучија да постават бодликава жица на границите за да го намалат приливот на мигранти, нарачуваат бодликава жица од Унгарија, земјата којашто прва започна со подигнување на ограда на нејзините граници, известува државната хрватска телевизија HRT, во прилог за производството на жица во Унгарија.
Жицата се произведува во гратчето Марионостра, кое е оддалечено на десетина километри од унгарската престолнина Будимпешта, којшто досега беше познат како најбезбеден затвор во државата.Во последните неколку месеци градот го посетуваат бројни бизнисмени, а главната причина за тоа е главниот производ на затворот, бодликавата жица којашто ја изработуваат 700-те затвореници, известува новинарот на HRT.Ѓерѓи Баконди, комесар во унгарската влада за економија се пофали дека овие денови стигнала нарачка и од Македонија. „Станува збор за голема пратка, од дури 10 илјади метри бодликава жица, која нивната влада наскоро ќе ја постави на границата со Грција“, вели во прилогот Баконди.Според него, многу европски земји размислуваат да постават жица на границите. Една од нив е и Романија, која досега немаше проблеми со бегалците, но одлучи да нарача десетици километри бодликава жица поради превенција.На 19-ти ноември македонските власти почнаа да ги пуштат само бегалците од воените подрачја, а економските имигранти ги враќаат.Кон крајот ноември беше довршена оградата од бодликава жица на граничната кон Грција кај Гевгелија, во должина од три километра, а висока два ипол метра, а сега се најавува нова ограда кај граничниот премин Меџитлија.Економските мигранти со автобуси се превезуваат во Атина и имаат рок од 30 дена да се вратат во земјите од којашто дошле./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

