Македонија
Македонија нема пари за борба со СИДА
Македонија нема веќе да добива поддршка од Глобалниот фонд за спроведување на интервенциите од Националната програма за ХИВ, а граѓанските организациии и корисниците на овие програми за ХИВ, предупредија дека политиката на власта со скратување на Буџетот, ќе доведе до епидемија на ХИВ во земјавата.
Во Македонија во четвртокот започнува Националната кампања за борба против ХИВ/СИДА под мотото „Шизици, уживајте без ризици!“, а платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка на ХИВ, денеска, на Светскиот ден за борба против ХИВ, организира протестен марш во 12:05 часот, од Министерството за здравство, до Плоштад „Македонија“.
Годинава во земјата има 33 нови заболени со ХИВ, досега се регистрирани 275 заболени, а од нив 80 починале.
„Доколку се воспостават стабилни механизми за финансирање на програмата за ХИВ, во Македонија можат да се спречат 860 нови инфекции и 290 смртни случаи до 2030 година“, рече Андреј Сених од Платформата за одржливост на програмте за ХИВ, на денешната прес-конференција.
Платформата, која е составена од 16 невладини организации, бара одговорните институции итно да го корегираат буџетот за програмата за превенција и лекување на ХИВ.
За 2017 година, предвидени се 27 милиони денари за борба против сидата, а Министерството за здравство во процената што ја изработи со Светската здравствена организација, оцени дека се потребни 65 милиони денари.
„За оваа програма во моментов се издвоени 27 милиони денари од Буџетот, за 2017 година. Но, и самото Министерство за здравство пресмета дека се потребни 65 милиони денари за терапија за една година и за превенција во првите шест месеци од годината“, рече Сених.
Според него, недостигот од пари негативно ќе се одрази на сите превентивни мерки што се преземаат за ризичните групи, како што се бесплатното и анонимно ХИВ тестирање, набавка на кондоми, игли и слично.
Христијан Јанкуловски, претседател на Националниот координативен механизам, рече дека стапката на заболени од ХИВ расте во земјите кои не добиваат пари од Глобалниот фонд. Тоа се покажало како случај и во Србија и во Црна Гора, кај кои финансирањето од Глобалниот фонд престана пред две години.
Во Македонија, донацијата од овој Фонд ќе престане на крајот на јуни следната година, и Програмата за ХИВ/СИДА нема да биде финансирана од меѓународни организации.
Денеска во Скопје почна дводневен регионален состанок на Југоисточна Европа за ХИВ. Учествуваат претставници од осум земји – државни институции, граѓански сектор и од Глобалниот фонд. Целта е да се формира регионалнен координативен механизам што ќе работи на одржливост на програмите за ХИВ во земјите од регионот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

