Македонија
Македонија промовирана на саемот за туризам во Москва
Четврта година по ред Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) го претставува својот туристички потенцијал на саемот за туризам во Москва, Русија (MITT).
Повеќе од 2.056 егзибитори и туристички компании како и 203 туристички дестинации ја претставија својата понуда на најважниот саем за туризам на рускиот пазар, кој се оддржува од 18 до 21 март.
Претставници на АППТРМ се сретнаа со партнерите и соработниците, продолжувајќи ја одличната соработка со рурскиот тур оператор “7 Tour” кој веќе неколку години носи руски туристи во Македонија. Од минатата година започна и соработката со Руската Асоцијација на тур оператори и туристичките агенции Amigo tours и Inter-visam чии претставник е Росолин Ирина. Ирина Росолин е и основач на Здружението „Посетете ја Македонија” веб портал кој нуди тури за Mакедонија и информации за најатрактивните туристички дестинации во нашата земја.
Промоцијата на Македонија на овој саем е исклучително важна, искористувајќи ја можноста да се зголеми свесноста за постоењето на Македонија како туристичка дестинација во Руската Федерација. Позитивното искуство говори дека одлуката за настап на рускиот пазар е правилен избор, а за тоа говори фактот што во последните неколку години имаме зголемување на броjот на туристи од Русиja за 40 отсто. Исто така владините мерки за поддршка на туризмот се покажаа како одлична можност за привлекување на странски тур оператори. Оваа година висината на субвенциите за рускиот пазар изнесува 65 евра по донесен турист за авионски организиран туристички промет во нашата држава.
На саемот за туризам во Москва, Македонија се претстави во нов дизајн на штандот и нови промотивни материјали кои имаа можност да ги видат повеќе од 50.000 посетители./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

