Македонија
Македонскиот здравствен систем претставен на Меѓународен конгрес во Анталија
Директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Маја Парнарџиева Змејкова, го претстави здравствениот систем на Македонија, на 5-тиот Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет што се одржува во Анталија, Турција.
Од Фондот соопштија дека голем интерес меѓу присутните предизвикал фактот што Македонија во рекорден рок го има имплементирано системот ДСГ (дијагностичко сродни групи) , а други земји веќе подолго време не можат да го имплементираат, вклучително и Турција.
„Директорката истакна дека ДСГ системот го намали времето на престој во болниците, зголеми број на здравствени услуги, воедно како систем може и да го следи квалитетот на пружените здравствени услуги (број на интра-хоспитални инфекции, компликации на здравствената состојба на пациентите итн..). Како пример директорката го истакна бројот на Царски резови во 2010 и 2013 кои драстично се зголемил, а со тоа се алармира да се промени упатството за породување и да се изврши стручен надзор дали зголемениот број на царски резови се должи на се поголем број на компликации при породувањето или на нешто друго. Во 2010 година 25% од сите породувања биле со царски рез, споредено со земјите во опкружувањето- Хрватска 21%, Словенија 19%. Во 2013 овој број во Македонија се искачува до неверојатни 33% од сите породувања да бидат со царски рез, а во земјите во опколувањето процентот останал ист дури и се намалува“, се вели во соопштението.
Директорката истакнала дека преку податоците од ДСГ системот, Македонија има учествувано во две големи интернационални студии. Едната за начинот на финансирање на здравствени системи во Европа (Eurostat – OECD PPP Program) и Истражување за влијанието на топлотните бранови и воздушното загадување во Скопје како дел од RAMSES проектот (European research project to deliver quantified evidence of the impacts of climate change and the costs and benefits of a wide range of adaptation measures, focusing on cities).крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хоџа–Солстром: Шведска, клучен партнер во еколошките реформи
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, на која беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и поддршката за европската интеграција на државата.
Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува преку бројни проекти од областа на животната средина, кои придонесуваат за усогласување со европските стандарди и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Притоа беше нагласено дека Шведска е трет најголем донатор на Министерството, по Европската унија и Швајцарија.
На средбата беа презентирани тековните и планираните заеднички проекти, со посебен акцент на управувањето со отпад, зајакнувањето на институционалните капацитети за Поглавје 27 и активностите за подобрување на квалитетот на воздухот.
Посебно внимание беше посветено на регионалните и националните иницијативи за справување со загадувањето на воздухот, вклучително и проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој се реализира со поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) и УНДП.
Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за продолжување и продлабочување на соработката со Кралството Шведска, во насока на заштита на животната средина и забрзување на европската интеграција на Северна Македонија.
Македонија
Државните патишта проодни, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
AМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
„Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот период, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година, потсетуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре делови од Општина Гази Баба без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализацијa известуваaт дека утре ( четврток ) поради промена на шибер Ф-80мм на ул.Јани Лукровски бб и пред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Јани Лукровски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.(општина Гази Баба)

