Македонија
Марш на толеранцијата против говорот на омраза

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го организира осмиот Марш на толеранција кој се одржува денеска.
Годинешниот Марш на толеранција е посветен на борбата против говорот на омраза и почитувањето и толеранцијата на различностите.
Маршот е поддржан од организациите- членки на Платформата против говор на омраза.
По завршувањето на маршот, ќе биде промовирана видео-кампања против говорот на омраза, која ќе се одржи во Менада. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.
Македонија
Утре облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.
Македонија
Средствата од заемот од Велика Британија ќе се враќаат по реализација на проектите

Средствата од заемот од Велика Британија ќе се враќаат по реализација на проектите. Министерот за транспорт, Александар Николоски, изјави дека условите за враќање и каматните стапки ќе бидат подобри од било што Македонија што позајмила претходно.
„Македонија добива најголем обем на средства досега за капитални проекти и со најдобри можни услови што може да се обезбедат во овој момент. Финансирањето ќе биде врзано со проектот, односно средствата ќе се враќаат откако проектот ќе се реализира и ќе почне да ја враќа инвестицијата“, објасни Николоски.
Прв бран на проекти што ќе се реализираат со договорот Влада со Влада со Обединетото Кралство се изградбата на брзата пруга од Табановце до Гевгелија, изградбата на клиничка болница во Штип, изградба на нов медицински факултет во Штип и студенски дом со 200 легла во Штип, понатаму реконструкција на клиничката болница во Тетово и изградба на болница со здравствен дом во Кичево, истакна вицепремиерот Николоски.
„Од четирите чекори, првиот веќе го имаме тоа се проектите. Сега одиме на прaвната рамка која што ќе ја завршиме во четврток и потоа набрзо да го ратификуваме Договорот во Собрание. И врз основа на тоа потоа одиме на финансирање. Нема да се работи за фиксно финансирање туку тоа ќе биде врзано со проектот. Кај некој проекти рочноста ќе биде пократка кај некои подолга, тоа ќе зависи од кондицијата на македонската економија и буџетот, од самиот проект итн. Тоа е прво, второ е тоа што се водевме од интересите на државата и во таа насока две работи се сигурни. Едно што волку средства ниту една друга меѓународна финансиска институција не е во можност воопшто да и ги понуди на Македонија, без ралика на каматна стапка, роковите за враќање итн. Второ е дека условите за враќање и каматните стапки ќе бидат подобри од било што Македонија што позајмила претходно. На наше инсистирање, средствата ќе ги враќаме откако ќе ги реализираме проектите, односно, грејс периодот да го врземе со периодот на завршување на проектите со цел проектот да носи пари а во здравството да носи бенефит во здравствената заштита”, изјави вицепремиерот Николоски.
Тој додаде дека ова е поттик за останатите државни институции да креираат проекти кои ќе бидат подготвени за финансирање.