Македонија
Министрите со Груевски за остварување на барањата на жителите, СДСМ бара отчет од него
Министри од повеќе ресори и градоначалници, во четврток, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, ги анализираа досега спроведените активности за исполнување на барањата од жителите од повеќе општини при посетите од владини функционери, и предлагаа решенија за побрза реализација на проектите.
Од друга страна пак, опозициската СДСМ смета дека Груевски, кој со месеци нема никаква државна функција, денеска повторно ги понижува министрите и градоначалниците принудувајќи ги да му даваат отчет.„Груевски нема кредибилитет ниту овластување за некој нему да му дава отчет. Груевски е тој кој ќе даде отчет за сработеното, но пред истражните и судските органи и ќе одговара за целиот криминал“, велат од СДСМ.„Како политичка партија веќе долг период сме прифатени кај граѓаните дека сме политичка гарнитура која што стои зад дадениот збор, стои зад ветувањата, стои зад она што ќе го вети при средбите со граѓаните. Огромна одговорност е да се испорача ветеното и да се одговори на потребите на луѓето во онаа мера колку што е можно и колку што е ветено“, рече Груевски.Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски информираше дека на барање на жителите ќе се реализира ветувањето за целосна обнова и проширување на патот Македонски Брод – Скопје, во должина од 14,5 километри, за што ќе бидат инвестирани три милиони евра, а се планира тендерот да биде распишан за 10 дена.Во септември ќе почнат активности и за обнова на делницата Неготино – Демир Капија, што е најоштетен дел од автопатот „Александар Велики“. Реконструкцијата на 16 километри од патот во двете насоки ќе трае една година. Мисајловски ги претстави и двата плана за подобро инфраструктурно поврзување меѓу Гостивар и Кичево, едниот со изградба на автопат, а вториот со реконструкција на постојната делница. Тендерот за реконструкција, како што најави, треба да биде објавен деновиве, а во октомври да се избере компанијата за градежните активности. Ќе се обновуваат 30 километри пат во што ќе бидат вложени шест милиони евра. Се очекува градежните работи да завршат за една година.Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески информира дека се изработуваат проекти за асфалтирање на три улици во вредност од 2,3 милиони денари, што треба да почне кон крајот на годинава. За осветлување на трите пристапа кај Коњско што ги побара месното население, според министерот Мисајловски, се поставени три канделабри во должина од 300 метри, инвестиција од милион денари.За потегот Требеништа – Велгошти се анализира дали може да се направи нов регионален пат. На жителите им е најавено дека ќе се разгледа дали може да се стави во Програмата за следната година. Проблемот со водоснабдувањето ќе се решава со изградба на пумпна станица за зголемување на дотокот на вода. Почетокот на градба е планиран за следниот месец, а Општина Охрид за таа намена ќе одвои 1,5 милион денари.Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски го информираше Груевски дека последните 700 метри од патниот правец РадождаЛивадиштаЕлен камен е асфалтиран, порано од предвидениот рок даден на граѓаните при неодамнешната посета на Радожда. Исто така, рече, се работи и на асфалтирање на преостанатите три километри на делницата од Калишта до Струга, што треба да биде завршено овој месец.Во Радожда се работи и на проекти за колекторскиот систем, за кој средства во висина од околу 810 милиони евра треба да се обезбедат од ЕУ, преку ИПА. Доколку не биде одобрен проектот, ќе се оди на варијанта со типски проекти за ваква намена, а потребните 1 милион евра ќе бидат обезбедени од Буџетот.Во Радожда граѓаните побарале и санирање на училиштето, а заменик-минстерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека иако тие барале помала санација, екипи на МОН направиле увид и, иако не било во план, била донесена одлука тоа целосно да се реконструира санитарии, столарија, покрив во летниот период 2017 година.Во струшкиот регион излезено им е во пресрет и на граѓаните на Лабуништа, кои побарале замена на возило за Итна Медицинска помош, а за два месеци ќе почне санацијата на амбулантата во ова село.Во Струга започнува изградба на единечен тениски терен на женска плажа. Се чека одобрение од општината и за краток период ќе се почне со градба. Се очекува теренот да биде готов за три до четири месеци. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески го информира Груевски дека наредната година ќе почне и изградба на повеќенаменско спортско игралиште за ракомет, фудбал и одбојка на песок.Градоначалникот на Крушево и министерот Мисајловски претставија активности за реализација на проекти ветени на граѓаните во Крушево и околките општини, а министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, пак, информираше, за активностите на исполнување на барањата на жителите од Бучин за изградба на детска градинка.Спасов истакна дека бил најден погоден објект кој ќе се преадаптира, за што обврска презела општината. Министерството за труд и социјална политика ќе ја опреми градинката. Додаде адаптацијата ќе заврши и градинката ќе биде отворена во во февруари наредната година, со капацитет за згрижување на 25 деца, колку што биле и потребите на граѓаните.Од СДСМ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порачаа дека не е веќе премиер.„Престани да ги злопотребуваш државните институции за твојата партиска кампања! Разбери, државата не е партија! Ги предупредуваме министрите од владата кои му реферираа на Груевски во „Триумфалната порта“ дека ја злоупотребуваат службената положба, што е уште едно кривично дело за кое ќе одговараат! Министрите Спасов, Мисајловски и Канческа – Милевска се платени да ги решаваат проблемите на граѓаните, а не да учествуваат во партиска кампања во работно време“, порачаа од СДСМ./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел
Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да заминат при првата можна прилика, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по ескалациите на Блискиот Исток.
Од Министерството информираат дека со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, а во тек се подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, зависно од развојот на состојбата на терен.
Дипломатско-конзуларните претставништва, како што се наведува, ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа. Министерството е во постојана комуникација со пријателски земји и меѓународни партнери со цел координирано спроведување на постапката.
Во однос на Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. За македонските државјани кои се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување.
Министерството останува целосно на располагање на граѓаните преку дежурниот телефон и дипломатско-конзуларните претставништва, и ги повикува сите македонски државјани во регионот доследно да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни органи.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546
Македонија
(Видео) ЛДП ја поздравува одлуката на ЕК за почеток на преговори за укинување на роамингот за Западен Балкан
Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува предлоготот на Европската комисија за почеток на преговорите за интеграција во режимот на бесплатен роаминг во ЕУ, односно укинување на роаминг трошоците за земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија.
Со воведување на бесплатниот роаминг помеѓу корисниците од ЕУ и Западен Балкан ќе се олеснува комуникацијата и значително ќе се намалат телефонските сметки на милиони корисници.
„Уште од 2021 година ЛДП ја започна оваа иницијатива, за во 2025 година на состанокот на Советот на групацијата АЛДЕ во Хелсинки, биде усвоена резолуцијата на ЛДП за вклучување на земјите од Западен Балкан во европскиот режим Роаминг како дома (Roam Like At Home – RLAH)“, вели во изјава за медиумите членката на ЛДП, Тамара Гарческа.
Гарческа додава дека резолуцијата предвидува целосно интегрирање на Македонија и соседните држави најдоцна до 2030 година и тоа да биде исклучиво по мерит систем, односно вреднувано по постигнатиот реформски напредок.
„По интеграцијата на Украина и Молдавија во системот на бесплатен роаминг, повеќе нема простор за оправдувања зошто и земјите од Западен Балкан да не бидат вклучени. ЛДП отсекогаш била чекор пред времето со храбри и оригинални идеи како оваа, сме работеле исклучиво во интерес на граѓаните и горди сме што години заложби и лобирање на нашите иницијативи, денес се слушаат погласно и се на чекор до финално реализирање“, завршува Гарческа во својата изјава.
Македонија
По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит
Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март, од денеска, 2 март 2026 година, почнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.
Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, дека во периодот од 2 до 6 март 2026 година, во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12.
Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети кои биле пронајдени при увидот и им припаѓаат на повредените и на починатите лица. Меѓу предметите што ќе се враќаат се: мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.
Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите, нагласуваат од ОВР Кочани.
Фото: ЕПА

