Македонија
МОН: СДСМ имаше можност да се посвети на студентите и да им го унапреди стандардот
СДСМ имаше можност да им се посвети на студентите и да придонесе за унапредување на студентскиот стандард, но во времето на нивното владеење, единствен предмет на интерес беа приватизацијата и отпуштањето луѓе од работа, одговорија во саботата од Министерството за обраозвание и наука (МОН) на соопштението на најголемата опозициска партија за, како што документираа катастрофалните состојби во студентскиот дом „Стив Наумов“
„Наспроти нивните лаги, преку изнесување податоци и компарации на бројки произлезени од нивните манипулативни математики, вистината е сосема поинаква. Денес во интерес на студентите и студентскиот стандард се спроведуваат бројни проекти, мерки и активности, кои се видливи и мерливи“, велат од МОН.
Притоа прават споредба дека во времето на власта на СДСМ студентите плаќале партиципација и до 1.200 евра годишно, наспроти денешните 200 евра во државна квота, односно 400 евра во квотата со кофинансирање.
„Не споменуваат дека студентите немаа литература за студирање и дека онаа што се користеше, беше застарена и напишана на други јазици. За разлика од денес, кога бесплатно им се достапни книгите и учебниците од кои се учи на најдобрите 10 светски универзитети, на мајчин јазик. Не споменуваат дека студентите немаа читални, немаа лаборатории, системот на стипендирање нудеше само неколку типови на стипендии, наспроти денешните 40 различни видови“, се додава во реакцијата од рресорното министерство.
Се наведува дека во времето на актуелната власт, пак, има целосно нови изградени капацитети во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“, дел од постојните се реновирани и модерно опремени, како блокот Б во студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде наскоро ќе биде пуштен во употреба и вториот блок А, а лифтовите во сите домови се заменети со нови. Конкретно за студентскиот домн „Стив Наумов“ велат дека се изградени нови современи сместувачки капацитети за што се издвоени 1,5 милиони евра.
Потсетуваат, исто така, дека во тек е и постапка за замена на инвентарот, а наскоро најавуваат оти ќе започне и постапката за набавка на перални и сушални. Во моментов во тек е втората фаза од процесот на темелна целосна реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев. Еден од блоковите е целосно обновен, опремен и функционален, а наскоро ќе биде пуштен во употреба и вториот реконструиран блок. Целосната реконструкција на домот ќе биде заокружена во 2017 година, а ќе бидат инвестирани околу 6 милиони евра. Дополнително заменети се лифтовите во сите студентски домови каде има инсталирани и се користат лифтови, за што се инвестирани 250 илјади евра. Во меѓувреме, во тек е постапка за замена на инвентарот, а наскоро ќе започне и постапката за набавка на перални и сушални.
„А согласно најавите за изградба на три нови студентски домови, за два од нив, постапката е целосно завршена. По потпишување на договорите со изведувачите, ќе започнат активностите на терен. Ова е вистината која СДСМ ја одбегнува и фингира податоци, исклучиво за добивање политички битки“, се вили во писмената реакција на МОН во која се оценува дека се „очигледни обидите“ на СДСМ „за предизборна манипулација на студентите и нивно користење во дневно политичките битки“.
„Студентскиот стандард никогаш не бил приоритет на оваа политичка партија, која во времето на нејзиното владеење единствено се занимаваше со приватизацијата и отпуштање на граѓаните од работа. Наспроти циничниот однос на СДСМ, актуелната Влада и Министерството за образование и наука реализираат конкретни и мерливи активности, особено во насока на унапредување на студентскиот стандард. Ова се инвестиции за кои СДСМ никогаш не се ни сети, а камо ли да најде време и средства да ги реализира. Така што, апелираме да не манипулира со јавноста и во иднина општествено одговорно да настапува пред јавноста“/крај/мф/љс.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

