Македонија
МОН: Успешно тече екстерното тестирање на средношколците од завршните години
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека во понеделник започна реализацијата на процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта.
Проверката се одвива согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, каде воедно беше објавен и јавниот базен со вкупно 50.400 прашања на македонски, албански и турски јазик, коишто се дел од тестовите за гимназиско и стручно образование за сите струки, насоки и предмети.
Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, до овој момент процесот е целосно и успешно заокружен во средните училишта во Македонски Брод, Богданци, Валандово, Берово, Виница, Делчево, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Демир Хисар, Маврово – Ростуше и Липково, додека во фаза на финализација е процесот во училиштата во Штип, Св.Николе, Врапчиште, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Охрид, Кочани, Велес, Илинден, Струга, Битола, Крушево, Кратово, Македонска Каменица и Крива Паланка.
Исто така, процесот е успешно започнат и во фаза на финализација во сите средни училишта на територијата на град Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.

