Македонија
Mozzart ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Велес добива нов мини пич терен!
По одличниот успех во Охрид, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ триумфално пристигнува во срцето на Велес.
Градот добива современ фудбалски терен, кој гордо ќе го носи името на легендарниот Панче Ќумбев – велешанец кој го симболизира спортскиот жар, неуморна посветеност и љубовта кон играта.
Свеченото отворање ќе се одржи на вторник, 22 јули 2025 година, во 18:00 часот. Локација: Улица Петре Прличко бб
„Ги покануваме сите љубители на спортот, младите, семејствата и заедницата да ни се придружат во овој радосен момент и заедно да славиме нов почеток” порачуваат од компанијата Mozzart, која повторно го докажува своето силно залагање за развојот на спортот, поддршка на младите таленти и збогатување на локалната заедница.
Фудбалот има моќ да нè зближи, да нè мотивира, и да нè научи дека заедно можеме да постигнеме нешта поголеми од било каков резултат – и на теренот, и надвор од него.
Ајде да аплаудираме за иднината, за тимскиот дух и за секој гол што инспирира нова генерација. Фудбалот навистина е повеќе од игра – тоа е животна лекција во движење!
Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ започна минатата година во Србија, каде што досега беа отворени пет мини-пич терени посветени на легендарни фудбалери.
Почетниот удар го изведе селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, а потоа свои терени добија и славниот ас на Црвена звезда Александар Катаи, репрезентативците Александар Митровиќ и Страхиња Павловиќ, како и капитенот на Нови Пазар, Адем Љајиќ.
Проектот потоа се прошири и во Македонија, а првиот терен во Охрид го доби името на локалниот херој Гоце Толески.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

