Македонија
МВР го соопшти идентитетот на жртвите во невремето
Министерството за внатрешни работи попладнево официјално го соопшти идентитетот на 21 лице починати во невремето, по завршената идентификациска постапка.
Сите се пронајдени на подрачје на општина Гази Баба:
1.Бајрам Мустафа(1949) – Гази Баба;2. Енес Мустафа(2014) – Гази Баба;3. Катерина Митрова (1933) – Гази Баба;4. Ѓилмаз Мухареми (1940) – с. Сингелиќ – Гази Баба;5. Наде Илиевска (1955)- с. Стајковци – Гази Баба;6. Блага Јовевска (1941)- с. Смиљковци – Гази Баба;7. Мурат Саити (1957) – с. Сингелиќ – Гази Баба;8. Марина Ивановска-Велиновска(1977) – Крива Паланка;9. Јован Велиновски (2008) – Крива Паланка;10. Жаклина Божиновска (1973) – Куманово;11. Фуркан Фејзула (1987) – Гази Баба;12. Сашко Митковски (1971) – с. Црешево – Гази Баба;13. Ќазим Исени (1933)– Гази Баба;14. Љубица Димчевска (1935) – с. Црешево – Гази Баба;15. Земрије Синани (1985) – Гази Баба;16. Ендрит Синани (2010) – Гази Баба.17. Славка Илиќ (1956) – Гази Баба;18. Томислав Илиќ (1950) – Гази Баба;19. Мирче Митковски (1949) – с. Црешево – Гази Баба;20. Достана Димитриевска(1974) – Тетово;21. Убавка Јовевска (1965) – Гази Баба.
По извршенотo пребарување на теренот, а по претходно договорена динамика за работење, од страна на екипите на терен, а во согласност со насоките од дежурен јавен обвинител за подрачјето на Град Скопје, екипа во состав од ЕУМНА, крим полиција-насилен криминал, д месно надлежната полициска станица и тим од погребално Бутел беа пронајдени и идентификувани 21 починато лице сите македонски државјании. Сите се пронајдени на подрачје на општина Гази Баба, соопшти МВР.
Потрагата и пребарувањето на теренот биле завршени во неделата (7 август 2016) во 14 часот при што биле пронајдени неколку лица, како и лица кои настрадале во невремето, а во текот на ноќта биле пронајдени и повеќе тела на лица зафатени со поплавата. Притоа биле евакуирани околу две илјади лица и им била укажана медицинска помош на околу 500 луѓе.
До понеделникот во 14 часот Секторот за внатрешни работи Скопје нема добиено пријава за исчезнати лица./кра/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

