Македонија
МВР: Македонија во континуитет ги санкционира лажните азиланти
Македонија во континуитет презема мерки за лажните азиланти без разлика на бегалската криза, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски коментирајќи ги изјавите на европските лидери дека бегалската криза ја искористиле лажните азиланти од Балканот за да бараат азил во европските земји.
„Македонија во континуитет уште од донесувањето на одлуката за визна либерализација презема низа мерки и активности за спречување на бранот на т.н. азиланти. Без разлика на бегалската криза со која што се соочуваме деновиве продолжуваме да преземаме такви мерки. Мерките се главно во две насоки. Едната е превентивно работење во оние средини од каде што имаме сознанија и податоци дека доаѓаат т.н. лажни азиланти. Вториот пакет мерки кои се преземаат од страна на МВР се репресивните мерки. Имено, како што е веќе познато РМ направи измени и во Кривичниот закон и воведен е нов член со којшто практично и се санкционира злоупотребата на визната либерализација, така што досега во голем број на случаи се поднесувани и кривични пријави против лица коишто ги манипулираат македонските државјани лажно ветувајќи им дека ќе добијат азил во некоја од побогатите земјичленки на ЕУ, а продолжуваме со несмален интензитет да работиме во таа насока и во наредниот период“, рече Котевски./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

