Македонија
МВР: Мигрантите не се локален, туку глобален проблем
Решавањето на проблемите во кризните жаришта се единствени решенија со кои би се избегнале големи несреќи со мигранти каква што се случи во четвртокот вечерта кога загинаа 14 мигранти во железничка несреќа.
„МВР ги презмаме сите мерки и активности за што подобро да ја обезбедиме јужната граница, но Македонија е под засилен притисок особено последниве години од јужната граница од илегални мигранти кои доаѓаат од кризните жаришта и од Северна Африка, Блискиот и Средниот Исток. Единственото решение во ваква ситуација бидејќи ова не е локален проблем на којшто е изложена Македонија, не е ниту само регионалниот пристап бидејќи би можеле да дадат некои реузлтати доколку би имале посоодветна соработка со грчките служби на границата од таа страна, да се спречат илегалните преминувања, но сепак апсурдно е да се очекуда дека доколку не бидат решени проблемите во кризните жаришта дека би можел да се запре овој наплив, овој бран на мигранти кои се обидуваат да заминат во Европа“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.Четиринаесет мигранти во четвртокот вечерта околу 22.30 часот загинаа во железничка несреќа која се случи на пругата Велес – Скопје. Меѓународен експрес воз кој се движел од Солун кон Белград наишол на група мигранти при што 14 лица на возраст од околу 20-тина години загинале. Осуммина од мигрантите за кои се претпоставува дека се роднини на загинатите се приведени и предадени во полициската станица во Велес за понатамошна постапка. Несреќата се случила меѓу железничката станица Рајко Жинзифов и станицата Пчиња на непристапен терен. Мигрантите се со потекло од Авганистан и Сомалија.Пругите низ Македонија се мигрантите ги користат како дел балканската рута, односно да стигнат од Грција кон побогатите членки на Европската Унија./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

