Македонија
МВР: Некоректни шпекулации за непостапување на полициски службеници за време на поплавите
Како крајни некоректни и шпекулации ги оцени во неделата Министерството за внатрешни работи изјавите на некои пратеници од опозицијата искажани во текот на вонредната собраниска седница посветената на последиците од невремето на 6-ти август за наводно не постапување на полициските службеници во времето на поплавите.
Од МВР тврдат дека во изминатите денови почнувајќи од 6-ти август непосредно по случувањата на поплавите во регионот на селата Стајковци, Сингелиќ, Црешево и Арачиновом како и другите зафатени подрачја во континуитет ја информираше јавноста за ангажманот и бројноста на припадници на различни организациони единици на Министерството во пружање на помош на настраданите граѓани во посочениот реон.
„Како што е познато токму припадниците на Министерството за внатрешни работи од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи, Посебната единица за подршка и Единицата за јавен ред и мир заедно со припадниците на АРМ беа првите што на лице место учествуваа во спасувањето на граѓани во критичниот период на 6-ти и 7-ми август, а натаму плански и континуирано се ангажирани за помош и санација на штетите од аспект на безбедноста на граѓаните во тој дел од скопското подрачје“, се вели во писмената реакција на МВР.
Оттаму, тие ги отфрлаат како крајно некоректни сите шпекулации како и политички изјави за наводно непостапување или отсуство на полициски службеници на критичните места во периодот на самите случувања како и во наредните денови.
Посочуваат, исто така, дека подрачјето на северната скопска обиколница во критичниот момент на 6-ти август кога беше поплавена и оштетена, сообраќајот беше пренасочуван од клучка Хиподром до клучка Радишани и обратно, а согласно тековните распореди за работа од 8 до 20 часот од автопатската мобилна единица имало една патрола од двајца полициски службеници, еден сменоводител и двајца самостојни инспектори, а од 22 часот уште една патрола, а откога почнаа поплавите се зголемил ангажманот на полициските единици така што освен автопатската полиција, ангажирани билеи пет патроли од Единицата за јавен ред и мир за пренасочување на сообраќајот на подрачјето на Гази Баба, а потоа беа ангажирани и специјалните единици.
„Имено како што и предходно информиравме од страна на СВР-Скопје ангажирани беа 243 полициски службеници и 50 возила, а од страна на Одделот за специјални полициски операции беа ангажирани 213 полициски службеници, 39 дефендери, еден џип чироки, еден хермелин, еден чамец, еден камион и еден хелихоптер со техничка опрема“, стои во реакцијата./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

