Македонија
МВР: Полицијата спречи група имигранти нелегално да минат на македонска територија
Група од 300 до 400 имигранти се обидоа во средата да минат нелегално на македонскиот дел од границата, во што биле спречени од припадниците на македонските служби, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
„Во средата имаше обид од страна на 300 до 400 имирганти од грчка страна на заедничката граница да стигнат до крајот на оградата на граничната линија меѓу Грција и Македонија и илегално да ја минат државната граница“, се вели во соопштението.
Обидот бил спречен, се додава, од страна на припаднците на македонските служби за спроведување на редот, и имигрантите биле вратени на грчка страна од границата. Во кусата порака до медиумите, не се споменуваат агенциските извештаи дека македонската полиција во спечувањето на пробивот на имигрантите употребила солзавец.
Претходно во средата дописниците на светските агенции од грчката страна на границата јавија дека поголема група, во која најбројни биле имигранти од Пакистан, се обиделе насилно да влезат на територијата на Македонија. Според Reuters, покрај употребата на солзавец за потиснување на масата, дури еден македонски полицаец испукал предупредувачки истрел во воздух.
Околу 1.500 Пакистанци, Мароканци и Иранци неколку седмици се наоѓаат на ничија земја меѓу Грција и Македонија, откако македонските власти го ограничија преминот во северна Европа само за Сиријците, Ирачаните и Авганистанците кои се сметаат за бегалци од воени жариште, кои потпаѓаат под меѓународните прописи за пружање неопходна заштита./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

