Македонија
МВР за 24 часа издаде 826 потврди за барање азил, нема инциденти кај Гевгелија
Во петокот во периодот од 8 часот па сé до следниот ден издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 826 странски државјани, од кои 649 се од машки пол, 152 се од женски, 163 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од Министерството за внатрешни работ и додаваат дека од јуни потврди им се издадени на повеќе од 42.000 мигранти.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 737, Ирак – 42, Авганистан – 12, Бангладеш – шест, додека другите се во помал број.
Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Грција, без никаква контрола, голем број илегални мигранти сé уште вршат притисок за влез во земјата, се истакнува во соопштението на МВР:
Во периодот од 19-ти јуни до 22-ти август годинава, издадени се потврди на вкупно 42.421 странски државјани, од кои, 29.321 се од машки пол, 5.904 се од женски, 6.718 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 631 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 34.346, потоа Авганистан – 2.085, Ирак – 1.990, Пакистан – 1.208, Сомалија – 562, Палестина – 560, Конго – 301, Бангладеш – 251, Нигерија – 142, Камерун -140 Еритреја – 140, Етиопија -109, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22-ри август до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во петокот мобилните екипи на Црвен крст укажаа прва помош на околу 80 лицa на граничниот премин Табановце, Гевгелија, а од хумантарна помош, биле дистрибуирани 700 шишиња вода, 120 пакети со храна, 50 индивидуални хигиенски пакети, 50 пакети за прва помош, 80 пелени, 60 кебиња и 20 пакети за бебиња./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

