Македонија
МЗ објави оглас за советник на министерот за мониторинг и евалуација
Министерството за здравство објави оглас за изразување интерес за ангажирање советник на министерот за мониторинг и евалуација на проектите на Министерството за здравство.
Кандидатот кој ќе биде ангажиран треба да ги исполнува следните услови: стекнато најмалку 10-годишно работно искуство во областа на мониторинг и евалуација на проекти, или стекнато 5-годишно работно искуство во оваа област, со стекнат соодветен (меѓународно признат) сертификат за мониторинг и евалуација на проекти, како и сертификат за одлично познавање англиски јазик и сертификат за познавање работа со компјутери, при што се смета за предност познавањето софтверски апликации за статистички анализи.Рокот за пријавување е до 20 јуни 2015 година, а заинтересираните кандидати можат да ја достават потребната документација и кратка биографија (CV), по пошта или во архивата на Министерството за здравство.Ангажманот на советникот на министерот ќе се состои од воспоставување методологија за мониторинг и евалуација на проектите на Министерството, континуирано следење и евалуација на постигнатите резултати/ефекти, статистичка анализа на резултатите и изготвување месечни/квартални извештаи, препораки за подобрување на тековните проекти и активности, како и предлог-концепти за имплементирање нови проекти.Воедно, процесот на мониторинг и евалуација треба да биде насочен кон континуирана и детална анализа на текот на активностите, утврдување евентуални недостатоци, како и дефинирање препораки за натамошниот тек на работа, со цел подобрување на перформансите и постигнување подобри резултати и ефекти во работата. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

