Македонија
На 2 ноември Јанева ќе го добие буџетот што го бара

На 2 ноември специјалниот обвинител, Катица Јанева ќе ги добие потребните пари за функционирање на новоформираното специјално обвинителство.
Ова го потврди министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески и рече дека парите се обезбедени и дека за тоа ќе се расправа на следната седница на Влада по што на следната собраниска седница, на 2 ноември, би требало да биде изгласан буџетот кој го бара.
„Во интерес на сите нас и на Република Македонија е да се овозможи непрелчена работа на специјалниот јавен обвинител вклучително и да се обезбедат финансиски средства за реализација на планот за работа. Во тој, контекст во текот на оваа недела отворена е сметка и депониран е потписот на специјалниот јавен обвинител, како потписник на таа сметка. Обезбедени се средствата, кои се наведени во планот за работа“, рече Ставрески.Тој изрази надеж дека специјалното обвинителство ќе почне да функционира и дека ќе почне расчистувањето на случаите коишто се во негова надлежност. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи и протест со почеток од 07:30 часот наутро, со блокада на мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба.
„Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ.
Ги повикуваме работодавците да бидат толерантни за работниците кои ќе задоцнат тој ден на работа“, се вели во известувањето на Движењето „Стоп за Вардариште“.
Македонија
Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој беше прашан дали огнот досега соодветно се гаснел со вода, пришто појасни дека дел од пожарот зафаќа дрвја, даски, пластика и друг запалив материјал. Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад, рече Ангелов, се изолира и ќе биде гаснет со песок. Најави и дека во секој момент ќе пристигне голема количина на песок.
Македонија
ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да постои можен ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни супстанции, им препорачува на населението:
– Во областите каде што постои ризик од загаден воздух, да останат внатре и да ги затворат прозорците и да се вратат, особено во областите во непосредна близина на местата каде што има активни пожари.
– Исклучете ги системите за вентилација и климатизација кои вшмукуваат надворешен воздух, за да се спречи влегување на чад и загадувачи во просторијата;
– Редовно следете ги официјалните информации и ажурирања за квалитетот на воздухот
– На лицата со респираторни заболувања, малите деца, постарите лица и бремените жени им се советува да избегнуваат каква било активност на отворено.
– Кога е потребно да се движите на отворено, во областа што е во непосредна близина на местото на горење, да користат соодветни маски
– Установите за нега на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група;
– Да се обрне внимание на симптоми како што се кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото. Секој што ќе ги забележи овие симптоми треба веднаш да побара медицинска помош;
– Да се воздржи од контакт или приближување до отпад од таканаречените погодени области додека не се добие официјална дозвола за пристап;
– Да се следат сите упатства од јавните здравствени установи и службите за итни случаи, како и упатствата за евентуална евакуација доколку истото го препорача надлежна надлежна институција.
Овие мерки имаат за цел да ги намалат непосредните здравствени ризици и да обезбедат заштита на заедниците.