Македонија
Началникот на Петта управа во домашен притвор
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 – Скопје во петокот постапувајќи по жалба на одбраната, одлучи да го промени решението на судијата на претходна постапка и да му ја замени мерката притвор со домашен притвор на началникот на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи. Горан Грујоски.
Грујовски е инаку првоосомничен во случајот „Тврдина“, а до правосилноста на одлуката право на жалба до повисоките судски истанци имаат Судот и Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Кривичниот совет претходно, по жалбата на СЈО, одлучи дека судијата на претходна постапка постапил исправно кога не издал налог за претрес на домот на Грујевски.
Началникот на Петтата управа на Управата за безбедноси и контраразузнување (УБК), Горан Грујоски, првоосомничениот во предметот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, во четвртокот доби притвор во траење од 30 дена.
Грујоски, според Специјалното јавно обвинителство, заедно со уште четворица се осомничени дека уништиле системи за следење во МВР веднаш по објавувањето на ткн „бомби“, од страна на опозициската СДСМ.
СЈО побара притвор само за Грујоски, додека за останатите, меѓу кои уште еден началник и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска побара мерки на претпазливост, односно одземање на патните исправи./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

