Македонија
Над 68 отсто од сексуалните работнички се малтретирани
Од 310 сексуални работници, 211 или 68,1 отсто од испитаните потврдиле дека биле малтретирани поради сексуалната работа, покажува истражувањето на невладината организација ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, објавено по повод, 17 декември, Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници.
„Загрижувачки е што повеќе од 12% од испитаните сексуални работници навеле дека барем еднаш биле подложни на сексуално насилство, а 10% од испитаниците биле присилени од страна на клиентите да имаат сексуален однос без кондом, спротивно на нивната волја, притоа изложувајќи ги на ризик од пренесување на заразни болести“, се вели во истражувањето на организацијата.Најчести сторители на насилство, сексуалните работници ги наведуваат клиентите (87,6 отсто), полицијата (43,1 отсто) и семејството (28,4 отсто), а во однос на зачестеноста на малтретирањето, најмногу одговориле дека малтретирање од клиенти и полиција им се случува барем еднаш во месецот, дел одговориле дека тоа се случува најмалку еднаш неделно, додека тие што се малтретирани од семејството, одговориле дека секојдневно се соочуваат со малтретирање. „Посебно загрижувачка е праксата на неказнување на сторителите на насилството, а од интервјуираните сексуални работници се потврдуваат случаите кога пријавиле насилството, полицијата не постапила согласно своите законски овластувања по ваквото пријавување. Приближно 37 отсто од испитаните сексуалните работници одговориле дека немаат, односно не очекуваат помош од никого, а само 1,3% одговориле дека очекуваат или добиле помош од полиција“, покажува истражувањето. Непријавеното и несанкционирано насилство врз сексуалните работници, според организацијата, дополнително ги охрабрува насилниците да продолжат со насилството. Оттаму го наведуваат моделот на Мерсисајд, Ливерпул,како добар модел, каде полицијата посветува посебно внимание на разрешување на случаи на насилство врз сексуалните работници и санкционирање на сторителите. Во четврток во Скопје ќе се одржи марш на црвениот чадор против насилството врз сексуалните работници,зголемување на заштита од институциите и промена на перцепцијата на јавноста кон нив./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

