Македонија
Надлежен судија или судечки совет ќе одлучи дали Заев ќе биде приведен
Известувањето од струмичкиот суд дека лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев не се појавил пред судот во Струмица како што тоа го правеше секој понeделник, досега не е стигнато до Основниот суд Скопје 1, но кога ќе стигне ќе биде распределено до надлежен судија и судечки совет.
Од Основниот суд Скопје 1, велат дека надлежниот судија или судечкиот совет ќе одлучуваат за понатамошното постапување, односно дали Заев ќе биде приведен или не.Струмичкиот суд веќе го испратил известувањето до Кривичниот суд во Скопје, но ако е испратено по пошта би требало скопскиот суд да го добие во вторник. Заев минатата недела најави дека нема веќе да се јавува во судот, ниту да доаѓа на закажаните рочишта, бидејќи, според него, судството е под целосна контрола на власта.Тој е четвртообвинет во случајот „Пуч“ за насилство спрема високи државни функционери. Од сите обвинети за овој случај, само Заев не е во притвор, но му беше одземен пасошот и има обврска да се јавува во суд еднаш неделно.Пасошот му беше вратен за да присуства на преговорите за решавање на политичката криза во Македонија кои некогаш се одржуваат во Брисел или Стразбур./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

