Контакт

Македонија

Груби – Цакај: Односите меѓу Македонија и Албанија се одлични

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Aртан Груби, се сретна со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај.

dobivaj vesti na viber

На оваа средба двајцата соговорници разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот. Двајцата заедно високо ја пофалија соработката меѓу Скопје и Тирана, која е одлична.

Првиот вицепремиер Груби истакна дека Република Северна Македонија е многу посветена на исполнувањето на потребните реформи и задачи со цел што побрзо да се постигне отворањето на преговорите со Европската Унија.

Министерот за надворешни работи на Република Албанија, г.Цакај, му честита на првиот вицепремиер Груби за успешното спроведување на клучните политики кои се во прилог на сите граѓани во Република Северна Македонија.

Цакај, исто така, му кажа на Груби дека Северна Македонија не е само една соседна земја, туку е и пријателска земја и стратешки партнер со која имаме изградено односи преку дијалог и добра соработка. Целосното членство на Северна Македонија во НАТО и заедничкиот пат кон Европската Унија се додадена вредност за развојот на регионот и особено за мирот и стабилноста.

На крајот на средбата Груби и Цакај разговараа и за начинот на либерализација на движењето на граѓаните, односно враќањето кон нормалноста на граничните премини, земајќи го како пример слободното движење меѓу Република Северна Македонија и Албанија. Груби му рече на Цакај дека очекува за краток временски период истото слободно и безусловно движење да се спроведе и со Република Косово и другите соседни земји.

Македонија

Земјотрес во Македонија, епицентарот кај Струмица

Објавено пред

Попладнево е регистриран земјотрес во Македонија, со јачина од 3,1 степени според Рихтер.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, епицентарот е 17 километри југоисточно од Струмица.

Длабочината е 15 километри.

Прикажи повеќе...

Македонија

Новиот Централен одбор на СДСМ вечерва ќе ги избира членовите на раководството

Објавено пред

Новиот Централен одбор (ЦО) на СДСМ вечерва ќе ја одржи својата прва седница на која се очекува да бидат назначени и останатите партиски органи.

dobivaj vesti na viber

Централниот одбор беше избран викендов, а го сочинуваат 115 членови, за кои претседателот на партијата, Венко Филипче, рече дека се поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани.

Се очекува ЦО да избере нов Извршен одбор (ИО), по што ќе следува и избор на потпретседатели, генерален секретар и двајца организациски секретари.

На партискиот конгрес викендов за заменичка на Филипче беше избрана Фани Каранфилова-Пановска – активистка и поранешна претседателка на фондацијата Отворено општество.

Каранфилова-Пановска дојде на местото на Сања Лукаревска, која си поднесе оставка по изборниот пораз на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Објавено пред

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од 2.000 денари во март следната година. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека сака минималната плата да се зголеми на 600 евра, но треба договор и законски измени и за барањето на Синдикатот минималната плата да биде 450 евра.

dobivaj vesti na viber

„Ако во рамките на Економско-социјалниот совет договориме да се зголеми минималната плата, претходно треба да се смени Законот за минималната плата. Кога ќе се направат измените, може да се зголеми минималната плата на 450 евра. Има политичка волја. Што се однесува до мене, јас сакам минималната плата да биде 600 евра“, рече министерот Дурмиши денес одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“.

Дали минималната плата може да се покачи на 450 евра Економско-социјалниот совет ќе одлучува на седница во декември. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, вели дека аргументите се на нивна страна.

„Дијалогот во однос на минималната плата е отворен. Аргументите се на наша страна. Ако знаете дека во Црна Гора минималната плата е веќе 800 евра, ако знаете дека минималната плата во Босна од 1 јануари ќе биде 600 евра, ако знаете дека во Србија е 454 евра, мислам дека синдикалната минимална кошничка, која изнесува 62.000 денари, покажува дека платите мора да се зголемат. Разговараме во однос на ова прашање поврзано и со мерките на Владата за ограничување на маржите на производите и мислам дека на наредната седница на Економско-социјалниот совет ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме за да ги убедиме бидејќи мораме да се убедуваме за потребата од растот на сите плати, вклучително и растот на минималната плата“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

Тој потсети дека што побргу мора да се направи исчекор за раст на платите и очекува Владата на ист начин како што ги покачи платите во образованието и здравството, ќе успее до крајот на годината да ја исправи неправдата за сите работници што не добија усогласување на платите оваа година поради изборите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија2 часа

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија3 часа

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија3 часа

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија5 часа

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа6 часа

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...

Свет7 часа

Телата на девојките што починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет7 часа

Еден ден по несреќата во Црвеното Море, пронајдени пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...

Свет7 часа

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за...

Свет7 часа

Првите часови од примирјето меѓу Израел и Хезболах: жестоко бомбардирање до последен момент

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче до Сиљановска: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова....

Македонија22 часа

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти...

Македонија22 часа

Сиљановска-Давкова им посака успешна работа на новите членови на Комисијата за помилување

Денеска во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако Давкова донесе...

Македонија1 ден

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама: 61-годишната мајка, која се породи на ГАК, имала замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави...

Македонија1 ден

Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот

Раде Трајковски-Штекли на својот инстаграм-профил објави оглас за вработување лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или...

Македонија1 ден

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје

Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки...

Македонија1 ден

Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ). Амбасадорот...

Македонија1 ден

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија. Жената се породила пред неколку дена и важи за...

Македонија1 ден

Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Во текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина...

Македонија1 ден

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче, со претседателката Сиљановска-Давкова

Денеска, ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, извести СДСМ....