Контакт

Надворешна политика

ВМРО-ДПМНЕ: Формирањето на широки коалиции е проверен рецепт за неуспех

Објавено пред

Формирањето на широките коалиции во Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ е проверен рецепт за неуспех, порачаа од оваа партија на средбата со амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние.

dobivaj vesti na viber

На средбата, што дојде на барање на амбасадорот Тимоние, присуствуваа Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Попоски и Никола Тодоров.

„Во нашата држава има повеќе партии кои имаат специфика прилично несвојствена за други држави во светот, а тоа е да бараат и да чекаат мислење од некој надворешен фактор за работи за кој вообичаено во земјите насекаде во светот не се очекува мислење за такви работи од надворешни фактори, или дури и не може да се замисли некој друг да се вмешува во носењето на одредени одлуки на партиите“, рече Груевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека понудената платформа е еден обид за репреговарање на Охридскиот Рамковен договор на мала врата.

„Партиите во Македонија многу одамна се договорија и го повторивме тоа, а истото го повтори и меѓународната заедница дека не треба да има репреговарање на Охридскиот рамковен договор и ако се репреговара сите страни на маса ќе извадат нови барања и тогаш се отвора Пандорина кутија и не се гледа крајот. Цениме дека таков процес може да не однесе во погрешна насока бидејќи може и други етнички немнозински заедници во државата да понудат своја платформа бидејќи оваа што ДУИ и другите албански партии ја создадоа во некои други држави е само за Албанците“, рече Груевски.

Тој уште додаде дека и македонската заедница може да направи своја нова платформа и да ја постави како услов за сега и за во иднина, што ќе биде причина за нови проблеми и прегрупирања.

„Тој што ги убедил ДУИ да тргнат по еден ваков пат им направил ‘мечкина услуга’, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со законот за употреба на јазиците, од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека инсистирањето на ДУИ за двојазичност на цела територија не е согласно уставот, ниту има логика која е во склад со реалноста на терен.

„Тие се преставници на заедница која е значителен процент, 25 осто, но сепак мнозинската заедница е 65-66 осто македонци и со сиот почит кон абанската аеднца и граѓани, сепак преголема е разликата за целосно да се изедначи користењето на јазикот. Втор значаен момент е што Албанците во Македонија се главно коцнетрирани во северозападниот дел на Македонија, а двојазичноста на целата територија освен политички ќе создаде и економски проблеми, но и потенцијал за проблеми на многу граѓани во секојдневниот живот“, смета Груевски.

На состанокот, меѓу останатото, од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека ДУИ во разговорите за коалицирање се води и од анализите за наредните локални избори.

„На минатите локални избори беше сериозен предизвик ДУИ да победи во одредени за нив стратешки општини и добро се сеќаваме на улогата на ВМРО-ДПМНЕ на тие избори во одредени општини во поглед на дадената поддршка, но тоа сепак е работа на ДУИ. Ќе дојдат локалните избори и ќе се види дали им била добра проценката“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата беше истакнато дека со оглед на актуелниот распоред на сили дури и да се формира Влада ќе биде многу тешко таа да биде функционална во смисла на реформи и многу тешко ќе биде да биде долготрајна.

„Затоа сметаме дека е добро уште еднаш да се даде шанса во период од два, два и пол месеци од сега, можеби заедно со локалните да има нови парламентарни избори. Можеби некој ќе прокоментира дека тоа е губење на време, но за ВМРО-ДПМНЕ тоа е најкусото време кое што може да се загуби во однос на тоа што со актуелната состојба може да се случи да се загубат шест месеци, година или подолг период на криза, заглавени институции и континуирана политичка тензија во земјата“, рече Груевски.

Францускиот амбасадор посочи дека неопходно е и националните македонски партии на долгорочен план заеднички да ги решаваат работите, затоа што поделбата која постои помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е преголема, а има голем број на предизвици…

Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека напуштањето на принципот за коалицирање на победникот кај Македонците од изборите со партијата победник кај Албанците, за што силно инсистираше ДУИ да се практикува, вклучително и преку испраќање на јавни апели, сега во ситуација кога на овие избори тие имаат поголема одлучувачка важност како политичка партија, доколку сега се прекрши принципот тоа ќе биде неповратен процес што можеби кракторочно не ни одговара, но долгорочно ќе ни одговара, и во тој случај нема да одговара на другите етнички заедници, особено Албанците и албанските партии. /крај/со/ст

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет2 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет3 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет8 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет8 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет11 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет12 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет12 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет12 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет13 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет13 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија14 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет14 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет14 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет17 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија18 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет18 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет23 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...