Контакт

Надворешна политика

Иванов: Потребно е и одржување на безбедноста и почитување на човековите права

Објавено пред

Државите да се борат со тероризмот и екстремизмот на начин што е конзистентен со правата и слободите на граѓаните, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на форумот што во сабота се одржа во Каиро на тема „Демократската безбедност во време на екстремизам и насилство“, во организација Александриската Библиотека и на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

dobivaj vesti na viber

Иванов истакна дека од почетокот на овој милениум, сме во отворена борба со глобалниот тероризам, а во услови на зголемени закани за кои меѓународните организации не можат да понудат решенија, интернационализмот се повлекува пред растечкиот национализам.

„Борејќи се против тероризмот и екстремизмот, современата држава ги проширува своите овластувања и надлежности, и со тоа го стеснува просторот на човековите права и слободи“, истакна македонскиот претседател.

Претседателот посочи дека Република Македонија беше првата држава во Европа што прогласи кризна состојба за заканата од илегалната миграција и ја распореди Армијата на границата.

„Но, ние никогаш не ја употребивме кризната состојба за проширување на ингеренциите на државата и ограничување на човековите права, вклучително и правата на мигрантите“, истакна Иванов.

Во вакви услови, рече Претседателот, се чини дека демократијата сѐ помалку може да понуди безбедност и сигурност. Ширум светот, демократските општества се во криза. Насекаде во светот владее недоверба во државата, која се повеќе се бирократизира, без да нуди одржливи решенија за кризите и предизвиците, порача Иванов.

Иванов оцени дека потребен е нов модус што ќе овозможи и одржување на безбедноста и почитување на човековите права и слободи. За таа цел, претседателот посочи дека борбата против тероризмот не е доволно да се води само со воени технологии, туку и со идеи и програми за контрарадикализација.

„За да победиме во борбата против тероризмот, не се доволни воени трупи и технологија. Неопходно е борбата да ја водиме и со идеи. Убиството и теророт не се резултат на религијата, туку на погрешното толкување на религијата, на неморалноста на поединците со стврднати срца, арогантни души и искривена логика. На радикализацијата да се спротивставиме со програми за контрарадикализација“, рече Иванов.

Македонскиот претседател во своето обраќање ја посочи и потребата од надминување на двојните стандарди и селективниот пристап на медиумите кои ги експлоатираат терористичките напади во Европа.

„Дали некој застанува да се запраша колку муслимански мажи, жени и деца се убиени последниве години на Блискиот Исток и во Северна Африка? Истовремено, за само 10 години 900.000 христијани биле маченички убиени поради нивната вера“, рече Иванов.

Во своето обраќање македонскиот претседател ја адресираше потребата и од економски праведен систем и одржлив и инклузивен поредок.

На форумот „Демократската безбедност во време на екстремизам и насилство“ во Каиро, учествуваат истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, поранешни претседатели на држави, премиери и министри. Останатите теми на форумот се: „Тероризмот и уставот – рамка за акција“, Тековни перспективи: мнозински муслимански држави, „Тековни перспективи: западни држави“, „Меѓу-религиски дијалог – случај Египет“ и др.

Учеството на македонскиот претседател на овој форум е резултат на одличната соработка со Александриската Библиотека и со Меѓународниот центар „Низами Ганџави“. Претходно, претседателот Иванов има учествувано на состаноците во Баку, Софија и во Рим.

За време на работната посета на Арапската Република Египет, предвидено е претседателот Иванов да оствaри средба со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси. /крај/со/ст

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет36 минути

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 час

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет2 часа

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа2 часа

ЕУ конечно постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет12 часа

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион12 часа

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа13 часа

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет15 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија15 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа15 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет16 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија16 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија16 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...

Македонија17 часа

Недостасуваат 204 судии, Филков најави кадровско зајакнување во 2026 година

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава, судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ,...

Македонија21 час

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија21 час

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија21 час

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија21 час

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија23 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...