Македонија
Советот на амбасадорите: Во ЕУ е потребен поинаков механизам на одлучување – консензус минус еден
Советот на амбасадорите изразува голeмо разочарување што во моментот се блокирани пристапните преговори со ЕУ поради, како што велат од таму, непринципиелните ставови на Република Бугарија.
„Ваквите позиции на официјална Софија во нашата јавност предизвикуваат и силна осуда, особено поради фактот дека блокадата на нашите евроинтегративни процеси доаѓа од само една земја членка, и тоа од нашето непосредно опкружување“, се вели во соопштението испретено од Извршниот одбор на Советот.
Во него се додава дека Советот на амбасадорите во своите идни активности ќе ја поттикнува идејата за модернизирање на механизмот на одлучување во Европската Унија врз принципот консензус минус еден.
„Разновидноста на земјите членки создава реални можности процесот на одлучување и за други важни прашања од структурен и организационен каракатер за функционирање на Унијата да се соочи со сериозни проблеми врз постојните принципи во ЕУ како што овој декември тоа ѝ се случи на РС Македонија со блокадата од страна на само една земја членка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитриевски на првиот работен ден во новиот мандат: Најавувам над 30 инфраструктурни проекти во наредниот период
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на првиот работен ден од неговиот трет мандат изврши увид на повеќе теренски активности при што најави над 30 инфораструктурни проекти во периодот што следи.
„Почитувани сограѓани, прв работен ден по изборот, овде сме во населба Зелен рид, на улица Васко Карангелески. Улица којашто носи име на еден наш великан, вистински патриот. Сакам од овде да најавам дека во следниот период започнува реализација на повеќе од 30 инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централното градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот.
Продолжуваме заедно, ви благодарам на довербата. Куманово заслужува континуитет, вчера тоа го доби, го потврди. А моја обврска е да продолжиме заедно да го градиме Куманово”, истакна Димитриевски .
Македонија
(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори
Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори.
Гласањето како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, било спроведено во 32 општини и во градот Скопје, со вкупно 1.013.357 избирачи.
„Бројот на избирачки места беше 1.777, сите избирачки места се обработени со оригинални записници, вкупниот број на избирачи кои гласале е 424.923 лица, вкупниот процент на избирачи кои гласале е 41,93 отсто“.
Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња, како што кажа Кондарко е 404.464 гласачки ливчиња а 23.930 се неважечки.
Во десетте скопски општини гласале вкупно 474.304 избирачи, а на територијата на градот 167.575. Од нив, како што посочи претседателот на ДИК, 157.047 гласачки ливчиња биле важечки, а 10.528 неважечки.
За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, гласале 95.572 лица или 57,03 отсто, додека за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, гласале 61.475 или 36,69 отсто од гласачите.
Кондарко посочи дека од денеска од 16:30 часот течат роковите за евентуални приговори на првичните официјални резултати. Приговорите може да се поднесат директно до ДИК во рок од 48 часа, поднесување на приговори по електронска пошта не е дозволено.
Ако до среда до истекот на рокот, не бидат поднесени приговори, за местата каде нема приговори ДИК ќе ги објави конечните резултати во четврток. Доколку има приговори, Комисијата има рок од 72 часа за одлучување, а потоа следи 24-часовен рок за поднесување тужби до Управниот суд. Управниот суд има рок од 48 часа за одлучување, што значи дека конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до понеделник или вторник.
Македонија
Граѓаните им удрија шамар на криминогените политичари, велат од Зелен хуман град
На локалните избори, граѓаните јасно и недвосмислено им покажаа на актуелните и владејачки и опозициски криминогени политичари и нивното коруптивно функционирање дека се непожелни во оваа држава, како и дека им е смачено од истите националистички наративи, истите празни ветувања и истата токсична политичка пропаганда која е сеприсутна во јавниот дискурс истакнуваат од граѓанската иницијатива Зелен хуман град.
Според нив, во првиот круг на локалните избори била забележана, како што велат, најниска излезност од независноста на Македонија.
„Првпат под 50%, во четири општини не беше исполнет ни цензусот да гласаат минимум една третина од избирачите поради што изборите за градоначалник ќе се повторат, имаше рекордни речиси 54.000 неважечки гласачки ливчиња за градоначалници и над 50.000 неважечки ливчиња за членови на советите. Во вториот круг на изборите беше забележана историски најниска излезност од само 40%, а за градоначалник на Град Скопје гласале едвај 35% од граѓаните. Повторно беше забележан и голем број на неважечки ливчиња“.
Како што оценуваат, таквите изборни факти не се апатија, туку се протест.
„Вакви изборни резултати укажуваат дека освен партиските приврзаници кои гласаат затоа што се дел од овој партиско-капиталистички систем во кој државните институции се целосно картелизирани и ставени во служба на големите партии и имаат личен интерес да гласаат (поради хонорар, вработување, тендери и слично), огромен број на граѓани сметаат дека во моментот не постои политичка опција која го заслужува нивниот глас. Но, како би можела да постои, доколку самите граѓани не ја создадат?
Појаснуваат дека тие почнле како граѓанска иницијатива со намера не само нивното делување туку и нивната форма, како што велат, да бидат контратежа на големите партии.
„Нашето постоење ја разоткри вистината дека вистинската промена не доаѓа од тие што го создадоа системот, туку од луѓето кои имаат храброст да му се спротивстават. Ја согледаа заканата која им ја претставуваме и стануваат сѐ подрски во методите на задушување на граѓанскиот глас. Принудени сме да се приспособиме за да останеме во борбата!
Затоа ве повикуваме сите вас кои сте незадоволни од актуелната состојба во Македонија – од енормниот степен на загадување, екстремната суровост кон бездомните животни, нефункционалните институции кои служат единствено за партиски потреби, а не за потребите на граѓаните, партиската узурпација на секој јавен ресурс и од многу други неправилности – да ни се придружите во Зелен хуман град.
Дај го својот потпис за да формираме партија со која ќе можеме непречено и заеднички да се бориме за позелено и похумано општество“.

