Контакт

Надворешна политика

Димитриев го прими извештајот на ЕК: Членството во ЕУ останува приоритет

Објавено пред

Членството во Европската Унија за Република Македонија останува приоритет и на тоа ќе бидеме силно фокусирани и во наредниот период, рече премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев по средбата во среда со евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој му го предаде извештајот од ЕК за напредокот на земјата.

dobivaj vesti na viber

„Се надеваме дека со одржувањето на изборите со формирањето на политичката Влада, ЕУ агендата повторно ќе дојде на дневен ред, како еден од највисоките приоритети со многу посилен фокус од она што го имавме во изминатава година бидејќи оваа година беше година во која се соочувавме со големи политички предизвици, мигрантската криза, Владата функционираше во облик на техничка Влада за спроведување на изборите. И јас се надевам дека со реализација на последниот чекор од договорот помеѓу политичките партии, а тоа е одржувањето на изборите ќе создадеме услови за поголемо внимание на итните реформски приоритети кои што сметам дека Македонија ќе ја доближат до Европската Унија и понатака ќе ја внесат Република Македонија во ова членство со своите партнери од Европската Унија“, истакна Димитриев.

Тој додаде дека Владата останува фокусирана во исполнувањето на приоритетите посочени во Извештајот. /крај/со/ст

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет57 минути

Њујорк Тајмс тврди дека Бајден го разубедил Нетанјаху од планот за контра-напад врз Иран

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати премиерот Бенјамин Нетанјаху да даде зелено светло за одмазднички напад врз Иран, откако минатата...

Македонија4 часа

Османи: Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани од Израел и регионот по нападот на Иран

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет5 часа

(Видео) Детално откриваме како функционира „железната купола“ на Израел која ги собори повеќето ракети како шега – никој во светот го нема ова

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет6 часа

Операција „Чесно ветување“: Иран ѝ се заканува на Америка, Израел наскоро ќе носи одлука – се очекува тешка одмазда

Иранскиот напад врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без сериозни последици откако огромното мнозинство...

Свет7 часа

(Видео) Анализа: Иран ја нарекуваат „држава-тврдина“, колку е моќна земјата што го нападна Израел?

Иранските пипала може да се видат во разгорувањето на огнот на Блискиот исток и многу конфликти. Преку своите посредници: палестинскиот...

Свет8 часа

(Видео) Иранците прославија по нападот врз Израел

Нападот со беспилотни летала и ракети врз Израел беше прославен синоќа на улиците во Иран, и покрај тоа што еврејската...

Свет8 часа

Израел ќе носи одлука дали и како ќе одговори на нападот од Иран

Израел се уште нема донесено одлука во врска со својот одговор на вчерашниот напад на иранскиот дрон и ракетен напад...

Свет8 часа

(Видео) Снимен удар на балистичка ракета во Израел

Познатиот ирански новинар Бабак Тагве, кој живее во егзил, на својот Твитер профил објави видео на кое наводно се гледа...

Свет8 часа

Јордан и Ирак повторно го отвораат воздушниот простор

Јордан и Ирак повторно го отворија својот воздушен простор, откако го затворија синоќа. Државната телевизија во Јордан соопшти дека земјата...

Свет9 часа

Иран предупреди дека неговиот одговор ќе биде „посилен и порешителен“ доколку Израел возврати по нападот

Иран предупреди дека ќе одговори со поголема сила доколку Израел возврати со напади овој викенд, за кои Техеран рече дека...

Свет9 часа

(Видео) Иран истрела стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, тешко повредено 7-годишно девојче

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека противвоздушната одбрана пресретнала 99 отсто од околу 300 проектили што...

Свет10 часа

Скапа грешка во системот: студенти подигнале 40 милиони долари од банкомат и не сакаат да ги вратат парите

Комерцијалната банка на Етиопија (CBE), најголемата во земјата, се обидува да врати огромна сума на пари повлечени од клиентите по...

Свет11 часа

Во овој европски град на децата им е забрането да користат телефони, познати се резултатите по една година

Речиси целата заедница од 22.000 луѓе во Грејстоунс и соседното село Делгани, во Ирска, одлучи да им ги ускрати телефоните...

Свет12 часа

Мистериозен објект пронајден на брегот на Атлантикот: поврзан со тајна програма за Студената војна

Мистериозниот предмет беше пронајден на брегот на полуостровот Кејп Код (Масачусетс). Не само што наликува на трупот на мал авион...

Свет13 часа

(Видео) Маж сакаше да се самоубие скокајќи од мост, а полицијата наместо него, зграпчи погрешен човек

На интернет кружи видео снимено во мексиканскиот град Соледад де Грацијано Санчез, каде неименуван маж одлучил да се самоубие скокајќи...

Свет14 часа

Се обидела да го отруе сопругот со избелувач, а сега на суд го признала делото: познато е колкава казна ја чека

Жена од Аризона обвинета дека се обидела да го отруе својот сопруг во понеделникот пред судот ја признала вината, а...

Македонија18 часа

Управен пресуди во корист на Академијата за судии и јавни обвинители

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 13.04.2024 година во 22.00 часот, судечкиот совет по предметот оформен по тужба...

Свет18 часа

Започна пресретнувањето на иранските беспилотни летала над Сирија и Јордан

Почна пресретнувањето на иранските беспилотни летала, јавуваат израелските медиуми. Откако Иран испука десетици беспилотни летала камикази кон Израел, нивното пресретнување...

Свет18 часа

Анализа: сите детали за смртоносните беспилотни летала што Иран ги лансираше врз Израел, имаат домет од дури 2.500 километри

Иран го започна својот напад врз Израел кога лансираше десетици беспилотни летала камикази. Станува збор за беспилотни летала „Шахед-136“. Иранската...

Свет18 часа

САД очекуваат Иран да лансира повеќе од 100 беспилотни летала и десетици ракети

Сега кога Иран ја започна својата одмазда против Израел, САД се подготвуваат за тоа да биде „голем напад“, рекоа двајца...