Македонија
Попоски и Сијарто за ЕУ интеграциите
За евро-атланските интеграции и за соработката на централно-источните европски земји со Кина, разговарале во сабота во Рига вицепремиерот и министер за надворешни работи на Македонија со шефот на дипломатијата на Унгарија, Петер Сијарто.
Според Кабинетот на македонскиот шеф на дипломатијата, две теми биле во центарот на
дискусијата со неговиот унгарски колега, а тоа се евроатлантските интеграции на Македонија и соработката меѓу Народна Република Кина и 16те централноисточни европски земји.
Во однос на првата тема, министрите ја нагласиле важноста од македонско членство во НАТО, како фактор за зголемена стабилност во рамки на Југоисточна Европа. Во однос на ова, Попоски и Сијарто разговарале за мигрантската тема и потребата за здржување на интензивна соработка меѓу сите земји што се наоѓаат на главата мигрантска рута.
Во вториот дел од разговорот на нивната средба, Попоски и Сијарто ги разгледале можностите за користење на соработката на земјите од Источна и Централна Европа со Кина за подобро инфраструктурно поврзување по должина на главните логистички коридори./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

