Македонија
Не почна изборот на ОИК поради технички причини

Државната изборна комисија (ДИК), во четврток, поради технички причини не можеше да почне со избор на членови на општинските изборни комисии.
Седница за избор на членови на општинските изборни комисии (ОИК) на кои неодамна им истече петгодишниот мандат, беше закажана за 11.30 часот, но до 14 часот почна.ДИК, треба да избере членови, претседатели и заменици претседатели на 80 општински изборни комисии. Осумстотини членови на ОИК треба да бидат избрани по случаен избор од редот на државната администрација, општинската и администрацијата на Град Скопје.Дополнително на друга седница ДИК треба да заземе став дали целосно ќе се менуваат составите на избирачките одбори или само ќе се дополнуваат испразнетите места.Во тек е увидот на Избирачкиот список и пријавувањето на дијаспората за гласање./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Тренчевска: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени

Власта спроведува историска имама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026, истакна Јована Тренчевска од СДСМ.
Со вакво линеарно зголемување од 1.000 денари, Владата, додава таа, го укинува правичното законско усогласување, со што пензиите ќе се зголемат многу повеќе.
„Механизмот што го донесе СДСМ да ги штити пензиите од инфлација и раст на трошоците за живот ќе значеше зголемување на сите пензии за 5% во септември и уште 5% во март, со сегашното ниво на трошоци и плати.
Сега, 92,5% од сите пензионери – над 318.000 луѓе – се оштетени и ќе добијат помали пензии отколку што реално им следува и заслужиле. Некои помали дури и за 2.000 денари, некои помали и за 4.000 денари.
Ете толку им краде владата на пензионерите во септември и март.
Само 7,5% ќе добијат некаква корист, и тоа – помалку од тоа што им следува и го заслужиле“.
Ова, како што оценува таа, не е „повисока пензија“, туку е системска измама и пресметан грабеж.
Според неа, погрешните политики на Владата на Мицкоски се рецепт за сиромаштија на пензионерите.
„Инфлацијата во земјата изнесува 4,5% – што директно го јаде животниот стандард на пензионерите. Трошоците за живот пораснаа за над 6.000 денари годишно.
А дефицитот на ПИОМ фондот надминува 47% и секојдневно расте. Ова е сериозен аларм и загрозување на исплатата на пензиите во иднина.
Луѓето кои целиот живот го посветивте на работа, на земјата, на општеството не заслужувата ваков однос од сопствената власт“.
Не смееме да дозволиме, истакнува Тренчевска, оние што ги изградиле училиштата, болниците, патиштата, фабриките, денес да живеат со страв од сметки, со скратена пензија, со чувство дека се заборавени.
Пензинерите, како што вели, не бараат милостина, им следува она што со години, со труд и одрекување, го заслужиле.
Македонија
Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до претседателот на Собранието поднесе оставка од нејзината функција.
Димитровска е обвинета во предметот „Адитив“ за одавање државна тајна.
Според обвинението, од мај до декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ на друг начин му сторила достапни податоци, кои во согласност со чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите, како и чл. 289 од ЗКП, претставуваат службена тајна.
Таа преку својот службен телефон и апликациите „Вибер“ и „Воцап“ му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“ и одлуки по нив, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство. Со своите дејства таа открила податоци што во согласност со законот се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службат, така и за постапките што се водат пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Димитровска во писмо до јавноста рече дека еден од обвинетите во „Адитив“ ѝ е семеен пријател и дека разговорите не биле поврзани со случајот.
„Како претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата сакам да нагласам дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на пресумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, е потребно да се почитуваат. Другите 6 члена на институцијата што ја претставувам немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена“, рече тогаш Димитровска.
Македонија
Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица на Армијата, „Волци“, како и припадници од Полициската станица Велес, со цел продолжување на потрагата по 16-годишното девојче, кое вчера потона во реката Вардар, во близина на селото Уланци, општина Градско.
Пријавата била поднесена од сестрата на девојчето, која била присутна на местото на настанот, а малолетничката потонала во Вардар заедно со 26-годишна девојка, која подоцна беше пронајдена жива.
Како што соопшти ЦУК, акцијата денеска се одвива во координација и со зголемено присуство на терен.