Македонија
Недостигаат 282 прашалници од теренската проверка во ДИК, анкетарите несоодветни
Презентирањето на Извештајот за теренската проверка на спорните гласачи во ДИК, во понеделникот предизвика бурна расправа меѓу членовите од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, кои поинаку ги толкуваат бројките од пополнетите и внесени прашалници од теренската проверка на 87.352 гласачи.
Од ДИК информираа дека 282 прашалници од теренска проверка не се доставени од страна на анкетарите.Според Извештајот во Велес и во Крива Паланка, недостигаат по пет прашалници, во Гостивар 15, во Карпош 23, во Чаир 71, во Штип – еден, а најмногу во Куманово, каде недостасуваат 114 прашалници. Во Тетово и во Гази Баба има разлика меѓу прашалниците и е-базата.Во Тетово физички недостигаат 33 прашалници, а во е-базата фалат 9. Во Гази Баба физички нема 17 прашалници, а во е-базата – пет.Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, смета дека од ова не треба да се прави драма, бидејќи по усвојувањето на Извештајот, анкетарите ќе треба да го образложат губењето на прашалниците.Виолета Дума, член на ДИК предложена од СДСМ, смета дека разликата на бројките од физичките прашалници и внесените информации во е-базата прави огромен сомнеж.Силвана Бонева, член на ДИК предложена од ВМРО-ДПМНЕ, пак, рече дека ДИК имала проблем, бидејќи недостигале информациите од само три општини, но откако и тие биле комплетирани, е-базата, која анкетарите веднаш требало да ја полнат, била празна.„Благодарам што ми ја повторивте постапката на состанокот на кој бев присутна. Не искажав сомнеж во нашата служба, туку само сомнение на податоците кои се разликуваат. Немојте да ми држите предавања, знаеме дека навистина беше хаос. Затоа ИТ експертите работеа два дена и две ноќи, бидејќи навистина беше хаос“, рече Дума.Според Игор Милев, член на СДСМ во ДИК, многу од прашањата во анкетните листови се неодговорени и за нив треба да се направат дополнителни вкрстени проверки.„Лицата што беа анкетари се несоодветни за таа работа, а досега немаме извештај и за тоа кој сè ги внесувал податоците во системот на Државната изборна комисија. Биле ангажирани лица од различни институции, кои немаат потпишано документ за неиздавање тајни податоци“, рече Милев.Бонева, рече дека генералниот секретар бил задолжен за лицата што ги внесувале податоците.„Сите знаете дека беа склучени договори со вработени во Министерството за информатичко општество и администрација, кои ги внесуваа податоците. Ако се сомневате дека генералниот секретар не ја завршил работата како што треба, требаше на работен состанок уште еднаш да ги провериме тие лица“, рече Бонева.Седницата на ДИК трае, а членовите на ДИК од СДСМ оспоруваат и повеќе од 15.000 прашалници кои, според нив, се спорни врз основа на тоа дека повеќе од 20 гласачи живеат во иста куќа и други повеќе од 17.000 прашалници на гласачи кои ги има само во една база што беше проверувана од ДИК./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

