Македонија
Нема струја во струшките училишта, општината обвини за уцена
Двете струшки основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Јосип Броз Тито“, како и подрачните училишта во неколку села се исклучени од електрично напојување поради неподмирени долгови за струја. Денеска учениците во овие училишта ја следеа наставата по скратени часови, јавува Охридњус.
Градоначалникот на општина Струга Зијадин Села информираше дека се прават напори за надминување на овој проблем, а општината е подготвена да ги преземе долговите на училиштата и да ги исплати преку општинскиот буџет.„Ќе ја преиспитаме соработката што сме ја имале до сега со ЕВН по вчерашната акција на компанијата за исклучување на струја во училиштата. По сè изгледа ова е настап на третиот коалиционен партнер во Владата. Да се преземат вакви мерки во ова време кога веќе се скратува и денот и кога електричната енергија е неопходно средство за да функционираат училиштата тоа е уцена, а уцените се карактеристика на криминалци, а не на компании“, изјави Села.Од управите на училиштата велат дека наставата ќе се одвива по скратени часови само додека тоа го овозможуваат временските услови.„Наставата се одвива во вонредни услови по скратени часови од по 10 минути. Доколку има минусни температури наставата ќе биде прекината и ќе се одвива во нормални услови понатаму во саботи, ќе најдеме некаков модус вивенди“, вели Тони Савески, директор на ОУ „Јосип Броз Тито“.Инаку вкупниот долг за електрична енергија на училиштата во општина Струга изнесува околу 5 милиони денари. Бидејќи жиро сметките на поголемиот дел од струшките училишта се блокирани, минатата година нивните долгови ги презеде локалната самоуправа./крај/ох
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

